Трајанов оствари средба со две здруженија

18.11.2015

Трајанов оствари средба со две здруженија

Денес (18.11.2015) година, Павле Трајанов, претседател  на Демократски сојуз и пратеник, прими претставници од здружението на граѓани „Опстанок на Порече“, кои го актуелизираа проблемот со доизградба на патниот правец Скопје – Македонски Брод. Се работи за 12 километри пат од с. Близанско до Белички мост, кој е пробиен, но не е асфалтиран.

Трајанов смета дека оваа делница треба да се асфалтира што е можно побрзо, бидејќи тоа е најкус пат до Македонски Брод и основа за економски развој на овој регион, како и за задржување на населението во градот и другите населени места од регионот. Овој проблем ќе го актуелизира во Парламентот, а ќе бара изградбата на патниот правец да биде внесен и во Програмата за изградба на регионални патишта.

По завршување на средбата, Трајанов прими и претставници од здружението на граѓани „НО ПАСАРАН“ кои протестираат против „БЕГ“, фирма која им доставува сметки за греење, кое не го користат бидејќи не сакаат. 

Во разговорот Трајанов посочи дека се работи за апсурд „да плаќаат за услуга (греење) која не ја користат“ и овој проблем заслужува да биде предмет на разгледување од Парламентот и преку измена на законите да се создадат основи граѓаните кои не сакаат да го користат греењето од „БЕГ“ да не мораат да плаќаат.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners