Советничко прашање до ЈП Паркови и зеленило од советниците од ДС: Дали јавното претпријатие има проект за обнова на Градскиот парк?

31.10.2013

Советничко прашање до ЈП Паркови и зеленило од советниците од ДС: Дали јавното претпријатие има проект за обнова на Градскиот парк?

Советничката од Демократски сојуз, Верица Филиповска, на денешната седница на Советот на Град Скопје, постави советничко прашање до Јавното Претпријатие Паркови и зеленило, за состојбата на стариот дел на Градски парк. Во своето излагање Филиповска истакна:

„Имајќи во предвид дека Градскиот парк е изграден многу одамна, тоа е парк стар речиси 100 години, прошируван и обновуван многу пати до сега, сметаме дека треба да се подобри состојбата на вегетацискиот состав, бидејќи се појавува изумирање на стари дрва, суша на дрва погодени од невреме или други неприлики, сушење на тревници и други блокови зеленило, лоша состојба на водата во езерцата, а и напукување на патеките. Конкретно загриженоста ја насочуваме кон стариот дел од паркот. 

Дали ЈП Паркови и зеленило има подготвено некаков проект за справување со состојбите и обнова на стариот дел на Градски парк? Дали се веќе започнати некои активности или се планираат во брз период, активности од кои секој ќе може да види конкретни резултати!?“

Таа додаде дека доколку нема таков проект, Демократскиот сојуз е подготвен да помогне и да излезе со иницијатива и конкретни предлози за обнова на паркот, која ќе ја изработи во координација со Секторот за комунални работи и Секторот за заштита на животната средина на Град Скопје и самото Јавно Претпријатие Паркови и зеленило.

Во прилог на прашањето, Филиповска објасни дека од економски аспект, градењето и обновата на паркови директно ќе влијае на локалниот економски развој со привлекување на мали инвестиции, непосредно ќе влијае на приходите од туризмот, ќе ја покачи побарувачката и вредноста на земјиштето и недвижниот имот околу паркот и ќе обезбеди стабилни работни места. 

Покрај економските придобивки, со парковите активно се подобрува и јавното здравје, се заштитува животната средина и се одржува заедницата. 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners