Прилеп предвесник на промените

24.11.2016

Прилеп предвесник на промените

Павле Трајанов: „ВМРО – ДПМНЕ во 2001 нарачуваше од МАНУ карти за поделба на Македонија“

Централниот изборен караван на Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, денес престојуваше во Прилеп, каде Павле Трајанов, Претседател на  Демократски Сојуз и Слободан Богоески, носител на листата за пратеници од четвртата изборна единица, остварија голем број на средби со граѓаните.

На прес конференцијата Павле Трајанов  изјави дека Никола Груевски го губи тлото под нозете, избезумен е од сознанија дека му се ближи крајот и дека Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА има се поголема поддршка како силен политички блок. 

Видливо е дека Груевски и понатаму е во нок-даун од аперкатите на Слободан Богоески. Ќе има нова рунда, само Груевски предвреме да не го напушти рингот. 

Го повикувам на ТВ дуел, за народот да направи разлика. Да види кој е државник, а кој го ограби народот, поентираше Павле Трајанов.


Павле Трајанов, Претседател на Демократскиот Сојуз, во врска со спиновите и нападите за воведување на двојазичност  и федерализација го изјави следното:

1. Прашањето за употреба на јазикот е дефинирано со уставот и законите, при што македонскиот јазик е службен јазик на целата територија, нити подржуваме, нити пак ќе подржиме овде да се менуваат работите.

2. Околу федерализацијата, имаме кристално чист став: Македонија е унитарна држава и никаква федерализација или кантонизација не подржуваме. 

Но сакам да ја потсетам јавноста дека,  во 2001 година, раководството на ВМРО – ДПМНЕ, чиј член беше и Никола Груевски и министер за финансии во Владата на Љупчо Георгиевски, кога порачаа од МАНУ карти за поделба на Македонија и јавно ја промовираа идејата за поделба на Македонија. Сега да шпекулираат дека некој друг сака да ја сруши државата е врв на лицимерието и театар на апсурдот. Немојте да мислите дека граѓаните ја заборавија војната во 2001 година и што планиравте да направите со Македонија – да ја поделите и да ја срушите.

Во нашата програма предвидуваме Укинување на радиодифузна такса, намалување на судската такса на 100 денари, отворање на 30 000 мали фирми за вработување на младите кадри, минимална плата од 300 евра, минимална пензија од 200 евра, како и решавање на есенцијалните економски проблеми на бранителите.


Носителот на листата за пратеници во ИЕ 4, Слободан Богоески и вториот на листата Д-р Ношпал остварија средби со граѓаните на Прилеп за да се запознаат со најактуелните проблеми со кои се соочуваат.

Исто така остварија средба со првото здружение на бранителите од Република Македонија (АРО) на која од раководството на здружението беа запознаени со мноштвото проблеми со кои се соочуваат припадниците на здружението и во целина бранителите, како и нивната разочараност од односот на државата кон нив.

Богоески и Ношпал целосно ги поддржуваа во нивните барања и ветија дека Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА ќе потпише протокол за соработка и дека исто ќе побараат од сите политички партии да потпишат ваков документ и јавно да се обврзат дека ќе го испочитуваат потпишаното веднаш по конституирањето на новиот Парламент.

Богоески ја изрази сопствената разочараност од односот на актуелната власт кон своите херои кои во 2001 година ги заложија своите животи за одбрана на Република Македонија.

Ние гарантираме стабилност, владеење на правото, услови за економски развој, како и шанса за младите да просперираат, а најуспешните наши менаџери да се вратат од странство.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners