04.12.12
Павле Трајанов оствари средба со граѓаните на Радовиш
Павле Трајанов, на 30.11.2012 година оствари средба со граѓаните од општина Радовиш. Присуството на пратеникот го искористија над 20-тина граѓани за да разговараат со него, да поставуваат прашања или да даваат иницијативи.
Граѓаните се интересираа околу можностите за вработување, за разрешување на инфраструктурни проблеми ( пробивање на улици, снабдување со вода), за предмети кои се развлекуваат по судовите, како и за одговорноста на советниците во Советот на општината и др.
Павле Трајанов оствари средба и со г-дин Роберт Велков, градоначалник на општина Радовиш.