07.07.2015
ОО на ДС-Берово со нова канцеларија и раководство
На 07.07.2015 година (вторник), Општинската организација на Демократскиот сојуз во Берово, одржа Изборно собрание на кое Дејан Пецевски, дипломиран економист, беше избран за претседател.
На седницата присуствуваше и Павле Трајанов, претседател на ДС, кој пред присутните зборуваше за актуелната политичка состојба, при што нагласи: „ Демократскиот сојуз го подржува политичкиот дијалог за излез од кризата, но инсистира преговорите да бидат транспарентни и во интерес на националните и државните интереси на Република Македонија“.
Политичкиот договор мора да биде предмет на расправа и верификација во Парламентот.
Во пресрет на посетата на нашата држава, од страна на Викторија Њуланд, помошник државен секретар на САД, Трајанов повика на претходен политички консензус и договор околу приемот на Република Македонија во НАТО до крајот на оваа година, нагласувајќи дека приемот во НАТО ќе биде силен стабилизирачки фактор на Балканот во целина.
Во врска со предвремените парламентарни избори Демократскиот сојуз ќе понуди Платформа за обединување, која ќе биде отворена за идеи и од други политички партии, граѓански асоцијации и експерти.
На Собранието присуствуваа голем број на членови и сипматизери на Демократскиот сојуз, а по завршувањето на седницата, беше отворена и нова канцеларија на ДС во Берово.