23.01.13
Демократскиот сојуз отвори нова канцеларија во Ѓорче Петров
Демократскиот сојуз вчера(22.01.2013) ја отвори новата канцеларија во Ѓорче Петров.
Претседателот на ДС, Павле Трајанов, ги поздрави бројните гости, членови и симпатизери. Тој во оваа пригода им посака добредојде на присутните и порача новата канцеларија да биде постојано отворена и посетена.
Претседателот Павле Трајанов информираше и за текот на подготовките за претстојните локални избори.
Во присуство на многу сопартијци и драги пријатели, штабот за отворен го прогласи претседателот на Општинската организација на ДС на Ѓорче Петров, Звонко Смиљков.
Новиот штаб на Општинската организација се наоѓа ул. Ѓорче Петров локал 7 ламела 3, во трговскиот центар.