Настап на Павле Трајанов на Собранието на Република Северна Македонија, во врска со Буџетот на РСМ

17.12.2020

Настап на Павле Трајанов на Собранието на Република Северна Македонија, во врска со Буџетот на РСМ

„Долго време се водеше расправа за ребалансот на Буџетот за 2020 година, таа се преслика и за Буџетот за 2021 година, при што, битни промени нема, затоа што Владата има Програма која треба да ја имплементира, што било и ветување на изборите. Но сакам да ја актуализирам потребата да се размисли, дали е можно во подготвителната фаза на Буџетот, пратениците да ги искажат своите предлози и идеите да ги образложат. Можеби во таа фаза е посоодветно Владата да прифати одредени проекти да се имплементираат-финансираат.

Натаму, треба да најдеме парламентарен механизам за ефикасна контрола на трошењето на парите на граѓаните и за тоа да расправаме.

Инаку досега сите буџети се развојни, граѓански приоритет се дава на капиталните инвестиции и сл.

Но, преку буџетот се финансираат основните функции на државата, пред се безбедноста, одбраната, здравствената заштита, образованието итн.

Државата мора да го контролира квалитетот на храната, водата, спроведување на еколошките стандарди и сл.

Но кога сме кај инвестициите, парите што ги добиваме од ЕУ, фондовите и сл. морам да укажам дека недостасуваат проекти и кадри за нивна имплементација, затоа предлагам да се обезбедат финансиски услови, поддршка за отворање на над 300 консалтинг фирми кои ќе подготвуваат проекти и даваат стручна помош за имплементација на истите.

Треба буџетските средства да се насочуваат кон реализација на стандардите на ЕУ, преку коренити реформи на судскиот систем и јавната администрација, но и во други области како што е потребата од робусна борба против криминалот.

Во услови кога се негира нашиот национален идентитет, историјата е силно оружје за иднината, затоа треба да се финансираат проекти за откривање и заштита на факти, кои говорат за нашиот историски континуитет, македонскиот јазик, културата и другите обележја на еден народ. Ни треба и историја врз реални историски докази и сведоштва, наша автентична - македонска. Концептот за реформи на образованието, треба да помине низ јавна-експертска расправа.

На крај, сакам да укажам дека Парламентот е нефункционален, без дебати за круцијални прашања и со многу закони кои се носат во скратена постапка. Треба да се реорганизираме, да се подобри неговата ефикасност и интегритет.

Потребна е расправа за евроинтеграциските процеси, градење на единствена стратегија и настап.

Мораме да направиме се за да градиме единство и да ја чуваме Македонија.“



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners