Најдобри 10 предлози на граѓаните „Како до нови работни места?“

30.01.2013

Најдобри 10 предлози на граѓаните „Како до нови работни места?“

 

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните работи на градење на Програма за отворање на нови работни места, развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

За таа цел ги повикa самите граѓани, експерти, невладини организации и медиумите, со свои идеи и предлози да се вклучат вo online проектот „Како до нови работни места?“

Со помош на социјалната мрежа Facebook беше креирана виртуелна платформа на која можеа сите да ги изнесат своите предлози и идеи за решавањето на овој главен проблем на денешницата.

Апликацијата беше отворена од 14 до 28 јануари, а најдобрите 10 предлози, кои ги гласаа самите учесници ќе бидат дел од трибината во склоп на семинар на истата тема во Пробиштип.

Топ 10те предлози се следните:


   1. Jovo Batkoski: Стимулирање со кредити од страна на државата за отворање што поголем број правни лица кои се занимаваат со информатички технологии, програмирање и компјутерско инжинерство. Оваа гранка треба постојано да се финансира со субвенции бидејќи тој сектор во иднина најмногу ќе привлекува странски капитал


    2. Bojan Boskovski: Личниот ангажман на функционерите.Убедувањето на можните инвеститори.Создавањето поволни услови за малите претпријатија, олеснувањето на процедурите за индивидуален работен учинок, како и акцентот врз сообраќајната инфраструктура во земјата се неопходни за давање силен импулс за исчекор напред.


    3.Ivana Georgievska: Предлагам Владата да продолжи со road show-ата со што ке се зголеми обемот на странски директни инвестиции и да се бори за намалување на високата сива економија во Р. Македонија со што ке се намали нелојалната конкуренција и ке се подобрат условите за бизнис во нашата земја.


    4. Angel Mihajlov: vlozuvanje vo patna infrastruktura so poseben akcent na lokalni patista , otvaranje tradicionalni lokali , planinarski domovi i sl. so cel da se razvie selskiot turizam . ke se otvorat mnogu rabotni mesta a mozen efekt e i razvojot na zemjodelieto i stocarstvoto vo odredeni kraista .


    5. Елена Денковска: 1.Субвенции за вработување на лица со инвалидитет 2.Намалување на даноците и стимулација на малите и средни претпријатија 3.Практикантска работа и обука на млади лица 4.Поддршка за развој на туризмот 5.Изработка на план за привлекување на странски инвеститори


    6. Darko Manevski: Инвестирање и унапредување на македонската берза која што има одлучувачка улога во процесот на собирање на сопствен капитал што би било финансиска инекција во македонското стопанство во однос на поголемите компании. Со тоа ќе се зголеми бројот на рабтотни места


    7. Gorjan Mushevski: Финанансиска и интелектуална поддршка за унапредување на трите клучни извозни гранки во Р.Македонија. Унапредување на обработката на суровото железо, земјоделските производи и текститилот и настап на странските пазари како национални брендови со финален производ.


    8. Slavcho Jovanovski: Предлагам, да се врати Законот за пензионирање со стаж, се додека трае Законот за пензионирање за полицијата и армијата. Ова ќе донесе вработување на млади и стручни кадри, нема да се инвестира во обуки и дообразување на постојните кадри кои одат во пензија за помалку од 5 години.


    9. Makedonka Andevska: Неопходността од подобрување на условите за живеење во Општините од поголемо фокусирање кон изградба на повеќе објекти за задоволување на дневните,специјалните и повремените потреби на населението заради подобрување квалитет на живеењето и стимулирање на економскиот развој и развој на патната инфраструктура.


    10. Filip Batkoski: Креирање на нова индустриска зона со најповолни економски услови блиску до поголемите градови во внатрешноста на Македонија, за привлекување на СДИ, со што би се искористила предноста евтината работна сила, даночните олеснувања и подобрената патна инфраструктура, а во иднина и железница.

Проблемот со невработеноста не треба само да се констатира. Заедно можеме да ги лоцираме пречките во економските текови и делуваме на нивно поединечно анулирање во функција на заживување и развој на економските потенцијали.

Би сакале да им се заблагодариме на сите учесници во проектот „Како до нови работни места“, на оние кои учествувуваа со своите креативни предлози, а и на гласачите.

Овој проект не е завршен, истиот продолжува да се развива и спроведува во наредната негова фаза. Целиот тек ќе биде споделен на нашата фан страна.

Ниту една идеја не е безвредна доколку имате со кого да ја споделите. За предложените решенија да добијат соодветна институционализација и реализација, Демократскиот сојуз како мост помеѓу граѓаните и власта, ќе ги имплементира во една сеопфатна Стратегија за забрзан економски развој.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners