Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА : Поддршка на СЈО

22.11.2016

Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА : Поддршка на СЈО

На прес конференцијата пред СЈО, Павле Трајанов, носител на изборната единица во Скопје, нагласи дека СЈО мора да продолжи да работи транспарентно, одговорно и професионално и има целосна поддршка да се справи со сите што ја спречуваат правдата.

СЈО не е дел од изборниот процес затоа треба да работи со полн капацитет. Заканите за негова  блокада или укинување, се класична манипулација од аболираното  државно партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кое сака со изборите да го прикрие грабежот на народот и масовното прислушкување.

По 11 декември ќе направиме царски рез во судството и ќе формираме посебно судско одделение кое ќе постапува по кривичните пријави на СЈО.

Веќе објавивме војна против криминалот и таа војна ќе би силна, непристрасна и секој мора тоа што го украл од народот да го врати назад и да помине 10 години во "Бизнис Центарот во Идризово".

Слободан Богоески, носител на ИЕ 4 рече: Специјалното обвинителство мора да продолжи со својата работа. Тоа е орган на прогонот и симбол на народната волја за справување со криминалот на злосторничкото здружение предводено од фамилијата на власт.

Специјални обвинителства и судови секогаш и секаде се формирале за специјални криминали и криминалци.

Секогаш ќе ја имаат нашата силна поддршка.

Трајанов одговараше на прашања на новинарите, при што нагласи дека не ги прифатил објаснувањата на Никола Груевски, дека прислушувањето го вршеле странски служби, туку сосема  сигурен бил, дека  тие се вршени од МВР, за што уште пред две години барал расчистување на аферата и одговорност за тие што ги згазија човековите права и достоинство.                                                                                                                                                                                                            



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners