Коалиција за Промени и Правда: Унитарност и стабилност

25.11.2016

Коалиција за Промени и Правда: Унитарност и стабилност

“Не се плашете, режимот ќе падне"

На прес конференцијата на Коалицијата за Промени и Правда, Павле Трајанов, носител на кандидатската листа во првата  изборна единица во Скопје, меѓу другото рече:

Подолго време во јавноста се шпекулира и експлоатира тезата за некаква федерализација и кантонизација на Македонија.

Ова е стара приказна, која влече корени од 2001 година, кога раководството на ВМРО – ДПМНЕ, каде беше член и Никола Груевски, порачаа од МАНУ, проект за размена на територии и население, како и карти, за тоа како треба да се направи поделбата на Македонија.

Тие што заговараа поделба и разнебитување на државата, обвинуваат дека некој друг сака да го направи тоа.

Губитниците во политиката, кога немаат концепт за излез од кризата што ја генерирале или се фатени на дело во тежок криминал, се повикуваат на патриотизам, грижа за државата, како и тоа дека државата е загрозена од странски сили.

Нашиот став е кристално јасен и чист:

“Ние сме за Унитарна Македонија и најенергично ги отфрламе идеите за федерализација и кантонизација или било какви други поделби на државата и граѓаните.”

Инаку, наш врвен приоритет е стабилноста и економскиот развој.

Меѓу другото, ќе спроведеме референдум за работното време да почнува во 07:00 часот. Тоа навидум е ситна работа, но од тоа зависи квалитетот на животот на семејството и посебно грижата за децата.

За нас е најважен човекот и семејството, затоа предлагаме вакви решенија.

Силата е кај граѓаните и затоа водиме сметка за нив.

Предлагаме и други промени корисни за граѓаните: 100 денари такса за остварување права пред судот, намалување на казни за физички и правни лица за две третини, укинување на радиодифузна такса и др.Коалицијата за Промени и Правда има одличен концепт за економски пресврт, во кој меѓу другото предвидуваме отворање на 30.000 мали фирми во кои ќе се вработуваат од 3-5 млади кадри, како и 2% од Буџетот за вработување и други проекти, повторно за невработените – млади и стручни кадри.

“Не се плашете, режимот ќе падне!”



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners