Коалиција за Промени и Правда: Средби со граѓаните на Гевгелија и Валандово

25.11.2016

Коалиција за Промени и Правда: Средби со граѓаните на Гевгелија и Валандово

Носителот на листата во изборната единица број 4 Слободан Богоески, заедно со поголемиот дел на кандидатите за пратеници од листата на коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, денеска се на средби со граѓаните во гевгелискиот и валандовскиот крај.

На средбите скоро сите граѓани ги истакнуваат проблемите на сиромаштијата, невработеноста, без преспективноста на младите, големите притисоци врз приватните фирми, рекетот на режимот на власт и одземената слобода. На прес конференцијата носителот на листата Слободан Богоески им ги презентираше, основните приоритети од програмата на коалицијата, за решавање на актуелните и долгорочните проблеми во Република Македонија.

Воедно ги повика и граѓаните масовно да излезат на овие избори, бидејќи тие се еднакво значајни како референдумот од 8-ми септември 1991.

Изборот ќе биде или Македонија и народот во Македонија или злосторничкото здружение на власт. 

Самите граѓани револтирано изјавуваа дека Груевски не треба да доаѓа во Гевгелија, ниту во Валандово и дека ќе го казнат за сите злодела кои ги направи неговиот режим врз народот.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners