Коалиција за Промени и Правда: Слободан Богоески во посета на Кавадарци и Неготино

23.11.2016

Коалиција за Промени и Правда: Слободан Богоески во посета на Кавадарци и Неготино


На ден 23.11.2016 Носителот на листа на пратеници од Коалицијата за Промени и Правда, Слободан Богоевски заедно со дел од кандидатите на листа за пратеници остварија повеќе средби со граѓани од Неготинскиот и Кавадаречкиот крај. 

На средбите граѓаните ги истакнаа најзначајните проблеми со кои се соочуваат и својата резигнираност од состојбите и политиките на владејачкиот режим: големата невработеност, проблемите со откупот на грозјето, масовното иселување на младите  кадри заради немање перспективи во својата држава, како и притисоците во сите сфери на живеење кои ги прават врз нив партизираните институции.  

Носителот на листата Слободан Богоевски и другите кандидати им презентираа дел од програмата на Коалицијата за Промени и Правда за справување со општата состојба во државата и посебно нашите планови за решавање за проблемот со невработеноста, откупот на грозјето и овоштарството. Се работи во суштина за немање на државен концепт за развој на земјоделието и дека корумпираната власт се обидува социјалниот мир да го купува на грбот на земјоделците и лозарите, држејќи ниски откупни цени повеќе од 20 години, а во исто време зголемувајќи ги трошоците на производството.

Нашиот концепт е изграден врз искуството на успешните европски држави и се состои во следното Државата мора да ги детерминира земјоделските региони, второ да го субвенционира производството на културите во тие региони, да ги гарантира минимални откупни цени и откупот на вишокот на земјоделски производи на товар на државата. Субвенциите ќе бидат доделувани само на производители по количина на производот, а на не концесионери кои не се ни земјоделци ни овоштари, туку се партиски војници на актуелната власт. 

Исто така му упатија порака на лидерот на актуелниот режим Никола Груевски нема зошто да доаѓа во Неготино и Кавадарци и дека народот ќе го казни за сите злодела во изминатите 10 години. 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners