Коалиција за Промени и Правда: Само со масовно гласање режимот ќе падне

06.12.2016

Коалиција за Промени и Правда: Само со масовно гласање режимот ќе падне


Павле Трајанов, Јове Кекеновски, Слободан Богоески и кандидатите за пратеници во втората изборна единица, престојуваа во Куманово, каде граѓаните се силно и цврсто определени, на 11-ти декември, да излезат и да гласаат за пад на режимот, за да се случат промени. На прес конференцијата Павле Трајанов, носител на кандидатската листа на пратеници во првата изборна единица, ги повика граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за Коалицијата за Промени и Правда, како гарант за стабилност, сплотеност и единство.

Со поддршката која ја имаме, очекуваме, со само 20 пратеници, да го срушиме и демонтираме овој еднопартиски, олигархиски и криминален режим, кој ја доведе државата во тешка криза, а народот во невидена несигурност, неизвесност и сиромаштија.

Во прашање е доведена иднината на државата, затоа ни треба поддршка.

Ќе преземеме робусни мерки против криминалците во власта, и за година дена ќе се справиме со политичката мафија, а украдените пари ќе им ги вратиме на граѓаните.

Со стратешкиот проект ДЕКРИ, гарантираме дека 6 милијарди евра украдени од граѓаните, ќе ги вратиме на граѓаните.

За младите и креативни кадри, ќе создадеме услови да се отворат над 30.000 мали фирми во кои ќе се вработат на 90.000 невработени лица, кои самите ќе создаваат, градат и творат, овде во Македонија.

Слушам дека власта ги пакува куферите, затоа ги повикувам, припадниците на службите за безбедност, на 11 декември, да ги затворат границите, за да не побегнат претставниците на криминалниот режим.

Јове Кекеновски, носител на листа во втората изборна единица рече:Куманово е најголема македонска општина со нешто повеќе од 103 000  жители.

Градот од кој криминалните структури на партиите на власт сакаа да почне нова војна во Македонија. Партиите на власт ја кријат вистината ЗА ДИВО НАСЕЉЕ, но таа по 11 декември ќе излезе на виделина. Ние од Коалицијата за промени и правда нема да калкулираме со ниеден случај заради собирање на политички поени или пак за да се пазариме со некоја партија, туку за што ќе дојдеме до сознание се ќе и презентираме на јавноста, ВИСТИНАТА И ПРАВДАТА НЕ ТРПАТ КАЛКУЛАЦИИ.

Во таа насока ќе побараме ревидирање на сомнителните судски одлуки и поништување на монтираните политички процеси со кој многу луѓе лежат невини по затворите. Ќе се избориме за независно судство преку реформа на судскиот систем и негово ослободување од притисоците на дневната политика. Коалицијата за промени и правда не бара 63 послушници туку бара пратеници кои ќе се спротивстават на режимот и кои ќе му овозможат на СЈО докрај да ги спроведе сите истраги и виновниците да бидат казнети.

Куманово е лулката на белата чума која испрати надвор голем број млади луѓе по Авганистан, Иран, Ирак во потрага по заработка за парче леб. Тие беа принудени да ги остават семејствата во потрага по поубава иднина. Во нашата програма нуди реални проекти за враќање на младите во својот дом.

Слободан Богоески, нагласи: овде сум во Куманово, за да им порачам на тие што манипулираат со лажните анкети, дека тие нема да го спасат режимот, кој е веќе во “кома”, повикувајќи ги граѓаните да излезат масовно и да гласаат за Коалицијата за Промени и Правда. “Не се плашете, гласањето е тајно, а режимот ќе падне, ќе тресне со општонародна одлука”, нагласи Богоески.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners