Коалиција за Промени и Правда: Сакаме богати граѓани и рационална држава, а не богата држава и сиромашни граѓани

29.11.2016

Коалиција за Промени и Правда: Сакаме богати граѓани и рационална држава, а не богата држава и сиромашни граѓани

Носителот на листата Слободан Богоески на коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, заедно со дел од кандидатите за пратеници, денеска беа во посета и средби со граѓаните во Неготино и населените места околу Неготино (Тимјаник, Пепелиште).

За разлика од изборната кампања на владејачката партија, Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА, тежиштето го има ставено на непосредни средби со граѓаните, бидејќи нејзиното мото е: ние бараме поддршка за народни пратеници, а не бараме поддршка за поданици на партијата.

На прес - конференцијата во Неготино, на граѓаните им се обратија кандидатите за пратеници од Неготино, проф. – Ванчо Петров и носителот на листата Слободан Богоески.

Богоески истакна дека проблемите со кои се соочуваат граѓаните извираат од отуѓената и криминализирана власт.

Повеќе од 25 години во Македонија се збогатува и јакне државата на сметка на осиромашувањето на нејзините граѓани.

Најави и дека после изборите најважно е да се стабилизира државата и да се направи рационална државна власт (намалување на министерствата во владата на 50%, укинување на непродуктивните агенции, управи и тела кои непотребно трошат пари, а само му го отежнуваат животот на обичниот човек). 

Ексклузивно изјави дека после изборите ќе отпочне постапка за кривична одговорност за сите носители на криминалот во Македонија, кои во изминатите 10 години украдоа и изнесоа од Македонија над 5 милијарди евра. Сите пари кои ќе бидат вратени во Македонија нема да бидат приход на буџетот, туку непосредно ќе им се враќаат на граѓаните и нивните семејства, за што ќе биде донесен посебен закон. 

Според пресметките секое едно семејство во просек треба да добие околу 13.500 евра, онолку колку што украла ненародната власт.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners