Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Реформска Влада

12.06.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Реформска Влада

Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА смета дека во процесот на преговори мора да се вклучат и другите релевантни политички партии, како и граѓанскиот сектор и медиумите.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, немаат кредибилитет да зборуваат за реформи, стабилност и фер избори, бидејќи тие ги блокираат сите позитивни процеси и Македонија ја држат во перманентна криза.

Разговорите мораат да бидат транспарентни и пред камери.

Коалицијата за Промени и Правда предлага да се формира Реформска (експертска) Влада која ќе има обврска да спроведе коренити реформи и создаде услови за рамноправен политички натпевар и одржување на фер, демократски и кредибилни избори.

Без реформи во судскиот систем и безбедносните служби не се можни избори. Затоа бараме рекомпонирање на Републичкиот судски совет и разрешување на судиите кои учествуваа во монтирани судски процеси, формирање на посебно судско одделение во Кривичниот суд во Скопје, како и целосно реформирање и деполитизација на безбедносните служби. 

Оставка на судиите од Уставниот суд кои учествува во промените на Законот за помилување врз основа на кои Ѓорге Иванов ја донесе одлуката за аболиција.

Разрешување на обвинителите кои се под директно влијание на власта и кои подигнуваат обвиненија по налог на партијата на власт, а без докази.

Специјалното јавно обвинителство да продолжи да работи транспарентно и без било какви опструкции и закани дека по налог на партиите на власт ќе биде укинато.

Една од најсуштествените реформи е врзана за изборниот модел. Затоа бараме Македонија да биде една изборна единица.

Избирачкиот список треба да се прочисти од креираните (фантомски) гласачи и најитно да се уништат личните карти кои се користени за гласање наместо граѓаните кои подолго време престојуваат во странство.Доколку тоа не е можно тогаш да се пристапи кон активна регистрација на гласачите.

Воедно предупредуваме, тие што се обидуваат да ги поништат одлуките за повлекување на аболицијата за 56 високи државни и политички функционери и на нивните соработници, да се откажат од таквите намери. Последиците ќе бидат катастрофални.

Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА е подготвена за избори без разлика кога ќе се одржат, но нема да има избори без реформи и услови за нивно одржување.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners