Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Промените започнуваат од истокот

24.11.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Промените започнуваат од истокот



Регионалниот изборен караван на Коалицијата за Промени и Правда, предводена од Демократски сојуз, денес престојуваше во Кочани, каде Весна Стоименовска, носител на листата на изборна единица број 3,  разговараше со граѓаните  и ја презентираше Изборната програма на Коалицијата за Промени и Правда.

На прес – конференцијата за медиумите  Весна Стоименовска им порача на жителите од овој регион  промените ќе започнат токму од истокот, така било од памтивек, така и ќе биде.

Во својата презентација на програмата таа го нагласи следното:

Граѓаните велат младите ни заминуваат, производството на ориз не се исплати, нема вработувања. Неофицијалната бројка е дека над 60.000 млади и работоспособни се иселиле од овој крај . Градовите од истокот се преполовени по број на жители. Тие не ги изнесоа само парите туку ги избркаа и младите.

Но, порачуваме ќе ги вратиме и парите украдени од граѓаните,  а ќе ги вратиме и младите. За поддршка и вработување на млади и стручни кадри ќе формираме фонд за млади во износ од 2% од Буџетот на РМ.

Како мерка за борба против сиромаштијата и одговор на зголемените  животни трошоци ќе ја зголемиме минималната плата на 300 евра, за што предвидуваме поддршка од Буџетот, пари кои ќе ги обезбедиме преку силни антикорупциски мерки, кратење на непродуктивните трошоци  и укинување на репрезентација на функционерите.

Како одговор на невработеноста, ќе се фокусираме на реална и максимална поддршка на отварање на мали и средни претпријатија со 3-5 вработени.

За брендот на Кочани, Весна Стоименовска, носител на листата на изборна единица број 3  на  оризопроизводителите им порача:  - ќе обезбедиме реална откупна цена за рентабилно производство и сигурен пласман, сите знаеме за злоупотребата на субвенциите во земјоделството. Е тоа ќе се промени! Не може држава со сите можности за земјоделски развој да увезува храна, а поради нерационалната владина политика, големи земјоделски површини да останат необработени.

Субвенциите ќе продолжат да се исплаќаат  навремено, но само на вистинските земјоделци. Кочани повторно ќе живне!

Не се плашете режимот ќе падне, гласајте за Промени и правда.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners