Коалиција за Промени и Правда:Митинг во Гази Баба

29.11.2016

Коалиција за Промени и Правда:Митинг во Гази Баба

Вечерва Коалицијата за Промени и Правда, одржа митинг во Гази баба, каде свои обраќања имаа Павле Трајанов, Јове Кекеновски, Емил Анастасов и Горан Зафировски.

Јове Кекеновски носител на изборна единица 2  изјави: Требаше да поминат 25 години за да на политичката сцена се појави трета опција. И тоа не било каква (реда - ради) трета опција, туку автентична опција со составена од ДС, ФРОДЕМ, МОРО РП и ДЕМОС. Коалиција која гравитра не само во центарот туку и лево и десно од него. Па оттука и стравот кај коалициите на ДПМНЕ и СДСМ од оваа коалиција.

Зошто и требаше на Македонија една ваква трета опција???

1. Затоа што и едните и другите се веќе видена работа,

2. И едните и другите ги видовме и како власт и како опозиција,

3. Затоа што на Македонија итно и е потребна демократија, мир, ред, поредок, промени, правда, прогрес и стабилност.

4. Затоа што Македонија мора да опстои на патот на евроатланската интеграција

Како никогаш досега во сите овие изминати 25 год. на Македонија и е потребна трета опција. Таа е потребна затоа што и едните и другите посеаја голема омраза, страв и реваншизам, некои покажаа и невиден арамилак и лажен патриотизам.       Овие на власт отидоа дури дотаму да не поделија по сите основи, Не поделија на:

• ваши и наши

• на антички и словени• на професори и контрапрофесори

• на студентски пленуми и контрапленуми

• на гдомци и шарени

Нема област или ситуација каде не сме поделени.

Во таа нивна меѓусебна борба за власт, Р. Македонија потона на морален план, економски, правен, социјален, на финансиски па и меѓународен план.

• Не уништија на демографски план, ја донесоа белата чума, не осиромашија, не понижија. И затоа крајно време е да му кажеме ,,НЕ” на стравот, очајот, сиромаштијата и безнадежноста во која живееме.

• Потребно е со прст да ги покажеме и да ги казниме сите оние кои го посеаа семето на злото на овие просториИ затоа и двете коалиции и онаа на ДПМНЕ и онаа на СДСМ се зрели народот да ги казни на 11 декември. Доколку не ги казниме никој нема да ни биде крив. Самите ќе си бидеме виновни. Народот заслужува таква власт каква што сам ќе си ја избереКазната е потребна за да можеме во иднина под итно да го ресетираме деформираниот политички систем, да ја ремоделираме внатрепартиската демократија, и заеднички да воспоставиме нов вредносен модел на управување со државата.

Емил Анастасов , претседател на Демос и  кандидат за пратеник во изборната единица бр. 1 изјави : Груевски посакува 63 пратеника за да може да продолжи да владее како до сега,  а сите знаеме како владееше.Коалицијата за промени и правда бара доверба од граѓаните да добие само 20 пратеника и со тие 20 пратеника ќе ја промени Македонија.

Горан Зафириовски од МОРО – РП во своето излагање истакна: Третиот блок коалицијата за промени и правда веќе победува.Ги слушаме СДСМ и ВМРО ДПМНЕ како од ден на ден се повеќе ја повторуваат нашата програма, гаранртиран откуп на земјоделските и сточарските производи, бесплатно здравство, рестартирање на фабриките.

Павле Трајанов, Носител на изборната единица бр. 1 на митингот нагласи:Утре е ден на дрвото, идеја која беше за доброто на сите, но откако наместо Борис Трајанов, Бубо Каров и други активисти кои ја промовираа оваа акција, власта насилно ја презеде, ја узурпира, исполитизира и криминализира. Ефектите од потрошените над 60 милиони евра се поразителни. Многу се украде, а малку зеленило имаме.

Имаме план за гасификација и зачувување на зеленилото во Македонија.

Коалицијата за Промени и Правда е за системски промени, со кои првостепена ќе биде одговорноста на премиерот и министрите. “Имунолошкиот систем” мора по автоматизам да функционира доколку се крши Уставот и законите, како што беше злоупотребата на системите за прислушување, кршењето на изборните правила и грабежот на народот.

Цврсто сме определени да го демонтираме овој “еднопартиски”, олигархиски и криминален систем.

Никогаш повеќе нема да дозволиме една партија и еден човек, да ја узурпира извршната, законодавната и судската власт, да граба од народот и да се надева дека со избори ќе го покрие криминалот.

Ќе има промени во изборниот модел,  Македонија ќе биде една изборна единица, а составот на Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните, преку отворени листи.

Ќе го намалиме бројот на пратеници, од 123 на 90, а бројот на министри ќе го намалиме за 50%, ќе ги редуцираме бројните агенции, регулаторни тела и други непродуктивно -  паразитски институции.

Објавуваме, дека после 11 Декември, ќе водиме жестока “војна” против криминалот. Криминално стекнатиот капитал ( над 6 милијарди евра ) ќе се конфискува и парите ќе ги вратиме на народот, на граѓаните, а тие што ја злоупотребиле власта, нема да можат 10 години да бидат функционери.

Имаме најдобра економска програма,подготвена од експерти, стопанственици и од граѓанскиот сектор.

Предвидуваме исти бизнис услови за странски и домашни компании, отворање на над 30.000 мали фирми во кои ќе се вработат од 3 – 5 млади и креативни кадри.

Македонија во следниот четиригодишен период ќе биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, без да се менува Уставното име, или загрози нашиот национален идентитет.

Имаме решение и за многу други работи: 

Предлагаме работното време да почнува во 07:00 часот, само 100 денари судска такса за остварување на права пред судовите, намалување за две третини на паричните казни, укинување на радиодифузната такса, МРТВ да прерасне во силен информативен сервис, како и воведување на позорната служба заради поголема безбедност на граѓаните.

Павле Трајанов, ги повикува граѓаните да гласаат за Коалицијата за Промени и Правда, која го има одличниот број 5, Коалиција која ќе обезбеди стабилност, сплотеност и единство.Ви благодариме на соработката.

 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners