Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: ЌЕ ГО СРУШИМЕ ЕДНОПАРТИСКИОТ, ОЛИГАРХИСКИ И КРИМИНАЛЕН СИСТЕМ

05.12.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: ЌЕ ГО СРУШИМЕ ЕДНОПАРТИСКИОТ, ОЛИГАРХИСКИ И КРИМИНАЛЕН СИСТЕМ

Централниот предизборен караван на Коалицијата за Промени и Правда,предводен од Демократскиот сојуз, денес престојуваше во повеќе населби, меѓу кои Маџир маало, во Скопје, каде се остварени бројни средби со граѓаните, при што презентирана им е  Изборната програма. Скопјани се цврсто определени за промени, искажувајќи огромна поддршка на кандидатите за пратеници од Коалицијата за Промени и Правда, меѓу нив и за Павле Трајанов, носител на листата на првата изборна единица во Скопје, каде граѓаните искажаа силна поддршка за борбата против политичката мафија.

На прес конференцијата, Павле Трајанов, нагласи: "Само со поддршка од 10% од граѓаните ќе го демонтираме еднопартискиот, олигархиски и криминален систем. Таа поддршка ја имаме и гарантираме дека никогаш нема граѓаните да дозволат еден човек една партија да владее. Попусти се повиците да не се гласа за другите партии, Никола Груевски и Зоран Заев, бараат по 63 пратеници, за да не се промени ништо. Но народот знае дека само со новата сила, Коалицијата за Промени и Правда, ќе има баланс и одговорна власт.

Ние сме гарант за промени, воспоставување на систем на одговорност, стабилност во државата и економски развој рече Павле Трајанов.

Сигурни сме дека режимот ќе падне и Коалицијата за Промени и Правда заедно со сите други опозициони парти ќе ја преземе одговорноста за демократско владеење и формирање на Владин кабинет, од врвни експерти, креативни, чесни и високо морални личности.

Со економската програма создаваме исти бизнис услови за домашните и странските компании, предвидуваме 800 милиони евра за развој и 2% од Буџетот за проекти за вработување на младите, 300 евра минимална плата, 200 евра најниска пензија и најмалку 100 евра социјална помош.

Со отворање на над 30.000 илјади мали фирми ќе се вработат над 90.000 млади кадри.

На прес конференцијата, своите ставови ги презентираа и Слободан Богоески носител на четвртата изборна единица и Јове Кекеновски носител на втората изборна единица.

Слободан Богоески истакна : за помалку од еден месец, Коалицијата за Промени и Правда доживеа голем успех и прифатена е од народот како општонароден фронт, симбол на борбата на народот против режимот. Вооедно, таа е симбол и на надежта на народот за подобро утре, за промени на вредностите на кои почиваше еднопартиската власт во изминатите 25 години.

Ние сакаме слободна и демократска Македонија, во која власта ќе се плаши од народот, а не како што беше до сега.

Сакаме Промени и Правда за сите и перспектива за малдите како би го запреле процесот на масовно иселување од Македонија.

Јове Кекеновски рече: ги повикувам сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се разочарани од актуелното и криминализирано партиско раководство на кое мошне им е јасно дека нашата партија е приватизирана и узурпирана од фамилијата и се користи исклучиво за лукративни цели- својот глас да го дадат за Коалицијата за Промени и Правда во која партиципира и ФРОДЕМ. 

Исто така ги повикуваме и сите разочарани СДСМОВЦИ како и сеуште неопределените да го дадат својот глас за оваа автентична демократска коалиција.

И едните и другите покажаа дека на прво место им се партиските и личните интереси а потоа останатото.

На државата гледаат како на крава молзница која и едните и другите ја цицаат веќе 25.

Гласот за Коалицијата за Промени и Правда е глас за промена на црно белата боја. 

Тоа е глас за стоп на криминалот и корупцијата. Глас за промена на режимот. 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners