Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Драчево ја врти страницата

13.11.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Драчево ја врти страницата

Денес, Павле Трајанов, носител на кандидатската листа за пратеници од првата изборна единица разговараше со граѓаните од Драчево.

Во разговорите граѓаните посочија дека 25 години повеќето гласале за владејачката партија, но тие ништо не направија за подобрување на животот во оваа прекрасна населба, која и натаму е отсечена од Скопје. Лоша инфраструктура, нема инвестиции, нема фабрики и нема економски развој на Драчево. Како посебни проблеми граѓаните ги нагласија врзани со катастарот и градењето земјиште.

Трајанов најави дека заедно со кандидатите за пратеници од Драчево, Жаклина Савевска и Марјан Трајковски, ќе се заложат за разрешување на проблемите и ќе  направат се за Драчево да биде модерна населба но и посебна општина со услови за развој, изградба на училишта, градинки и др.

"Сметаме дека имаме знаење и искуство да обезбедиме најниска плата од 300 евра, минимална пензија од 200 евра и социјална помош од 100 евра", посочи Павле Трајанов.

За да остварите право пред суд треба да имате вреќа полна со пари, таксите се огромни, но тоа ќе го смениме и таксата ќе изнесува само 100 денари.

Секој што стекнал капитал на криминален начин, ќе го врати на народот и нема да може да биде функционер најмалку 10 години.

Тие што ги кршеа законите и сееја страв, ќе ја добијат заслужената казна.

Народот не се плаши и режимот  ќе падне.

На средбата со граѓаните беа и кандидатите за пратеници, како и носителите на листи Јове Кекеновски (2), Слободан Богоевски (4) и Весна Стоименовска (3).

На средбата присуствуваа голем број на граѓани, кои искажаа поддршка на Коалицијата и  нагласија дека се за промени и правда.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners