Коалиција за Промени и Правда: (Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС, МОРО-РП) ПРОГЛАС на Коалиција за промени и правда до сите граѓани на Република Македонија

06.11.2016

Коалиција за Промени и Правда: (Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС, МОРО-РП): ПРОГЛАС на Коалиција за промени и правда до сите граѓани на Република Македонија

Почитувани граѓани,

Не се плашете, режимот ќе падне!

 Ве повикуваме сите, сплотени во заедничка борба против авторитарната власт на Никола Груевски и неговото злосторничко здружение кои повеќе од десет години го тероризираат и ограбуваат народот во Македонија. Борбата ќе ја водиме со нашиот разум, збор и глас на 11ти декември 2016 година, ден кога ќе му кажеме на овој режим ДОСТА Е! На тој ден ќе им пресудиме на тиранијата, теророт и криминалот на фамилијата на власт, неправдите кон луѓето и одземената слобода, на корумпираното судство и на сите корумпирани подржувачи на овој недемократски режим.

- Ќе му кажеме НЕ на стравот, очајот, сиромаштијата и безнадежноста во која живее нашиот народ.

- НЕ за солзите на родителите кои беа присилени да ги пуштат во туѓина над 600 000 млади и работоспособни, таму да ја побараат среќата бидејќи режимот им ја одзеде во Македонија. Најдоброто, цветот на Македонија, замина со карта во еден правец.

- Да го запреме натамошното задолжување на Македонија чиј вкупен надворешен и внатрешен долг е над 9 милијарди евра. Ние сме пред целосен банкрот – нема да има пари за плати, пензии и социјални програми, само заради бесот и алчноста на тиранскиот режим на власт. Нашите чеда и внуци не сакаме да живеат во должничко ропство.

- Самите сме сиромашни и затоа велиме НЕ за белосветските профитери од слободните економски зони од кои Македонија нема ни едно евро полза, а ние им плаќаме за придонеси и плати на вработените кои работат како робови во колониите од XIX век.

Сакаме промени после 11 декември.

Сакаме правда и слобода за сите.


Правдата и слободата се неодвоиви од човекот. Тоа е човекот. Ниедна власт не смее да ги загрозува повеќе, освен во заштита на слободата и правдата на другите.

- Сакаме мир и соживот на граѓаните, без разлика на националната, верска и социјална припадност. Доста ни е од конфликти на овие основи само заради  некој да се дограби или да се оддржува на власт.

- Сакаме нов уставен поредок и закони кои ќе ги гарантираат слободата и правдата на сите и го оневозможат насилието на партиите на власт врз нас, како што беше во изминатите 25 години.

- Сакаме што поскоро Македонија да е членка на ЕУ и НАТО. Ние сме длабоко во темелите на европските цивилизациски вредности. Затоа, прво нив ќе ги доведеме дома, а потоа ќе бараме формално членство.

- Владеењето на правото не е само парола. Тоа ќе ни гарантира стабилност, слобода и правда, економски и културен напредок.

- Во име на слободата и правдата, мора да му биде судено на Никола Груевски и неговото злосторничко здружение. Ќе го натераме него и секој како него, да ги вратат во Македонија украдените милијарди евра од граѓаните и тие ќе му бидат вратени на народот затоа што се негови.

 - На судиите и обвинителите кои ги кршеле човековите права и слободи и ги зацрниле судбините на илјадници фамилии, по налог на тиранската власт, мора да им биде судено.

Со почит кон минатото, загрижени за сегашноста, загледани и одговорни кон иднината, мораме да се избориме и да победиме на 11ти декември во име на промените и правдата.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners