Коалиција за Промени и Правда: (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС И МОРО-РП): Бегство од народот

03.11.2016

Коалиција за Промени и Правда: (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС И МОРО-РП): Бегство од народот

1. ЈАВЕН ПОВИК до сите политички партии кои ќе учествуваат на изборите заради почитување на неговото височество гласач, на листите на кадидати за пратеници да не кандидираат обвинети и осомничени лица за кои се води истражна или предистражна постапка пред надлежните судови. Иако максимално го уважуваме начелото на презумпција на невиност, но сепак сметаме дека на ваквите лица не треба да им се дава можност евентуално да се здобијат со пратенички имунитет со што би се оневозможила или би се успорила постапката која се води за нив.Крајно неодговорно е, понижување на граѓаните и покажување на мускули на лица од власта- носители на високи државни функции кои беа со одлука на Ѓорге Иванов по неколкупати аболицирани, сега да бидат носители или дел од кандидатите на листите за пратеници.

2. „Бегалка“ е драма во пет чина од македонскиот драмски писател Васил Иљоски чие дејствие се случува во првата деценија на ХХ век. ,,Бегалци“ - е култна драма во безброј чинови чии автори и режисери се криминализираните елити на партиите на власт која се одигрува и ќе се одигрува пред надлежните судови, СЈО и полицијата на Р. Македонија во сезоната 2016/2017Ако ,,Бегалка“ на драмскиот писател Васил Иљоски ги претставува патријархалните и конзервативни односи во семејствата во Македонија во првата деценија на ХХ век,  современата драма ,,Бегалци“ ги отсликува, бедата, немоќта, раскалашеноста, лагата, стравот, кукавичлукот и лажниот патриотизам на главните македонски политички актери во втората декада на XXI век .

• Бега Груевски од судот во процес во кој е сведок, а како ли ќе биде кога ќе почне постапката во која е обвинет.!? 

• Бегаат Али Амети и Муса Џафери од судот во процес во кои тие се тужители.!• Бега од полицијата јавнста ,,мајчиното“ дете - министер! 

• Избегаа странските служби со жолти комбиња од вокабуларот на лидерот на ДПМНЕ!.

• Ги снема амбасадорите кои се мешале во внатрешните работи на државата..!

• Го снема пишман давачот на аболицијата.!• Едноставно се удрило на бегање... 

Го чекаме времето односно денот кога пастирот ќе избега од стадото.

3. Деновиве се регистрирани околу 500 гласачи за претстојните парламентарни избори од ИЕ 7, поточно само во Австралија. Според информациите што ги поседуваме претежно се запишани пензионери што е малку чудно и остава простор за сомнеж со оглед на фактот дека пријавувањето се врши по електронски пат, а најголемиот дел од нашите иселеници во поодминати години воопшто не познаваат работа со компјутер. Постои основано сомнение дека поради малиот интерес за пријавување на гласачи од дијаспората се користат пријавите од претходното пријавување на гласачи од дијаспората.

4. И покрај тоа што кампањата сеуште официјално не е започната на Австралискиот континент веке наголемо се стартува со недозволено агитирање и тоа од лица кои не смеат да го прават тоа. Се работи за македонскиот амбасадор и конзул во Австралија кои наместо да ја претставуваат државата и да ги реализираат државните потреби и интереси се повеќе се ставаат во улога на агитатори на партијата која ги испратила на гурбет.  Чуму е потребата од присуство на луѓе од амбасадата и конзулатот на партиски состаноци  како и на состаноци кога заради агитација доаѓаат партиски делегациии од Македонија во посета на своите сопартијци во Австралија?

• Во таа смисла прашање до ДИК и до Министерот за надворешни рабори Никола Поповски – Дали сметаат дека ќе имаме фер избори доколку овие државни службеници и партиски агитатори и понатаму бидат на чело на Избирачките одбори на овој континент???????

5. Македонците во дијаспората се повеќе се разочарани од фактот што три изборни циклуси им се наметнува кандидат за пратеник по мислење на државните функционери, а не на нашинците во дијаспората. Јавно го поставуваме пршањето дали новиот кандидат на ДПМНЕ ќе биде лице од Сиднеј  по предлог на Амбасадорот Трпевски - патем негов близок пријател???. 

6. Втората институција која треба да стои настрана од изборите во дијаспората е Австралиско- македонска црковна епархијата и Нов Зеланд под диригентската палка на надлежниот владика кои наместо да проповедаат религија и да го обединуваат народот за добро и тие се впуштиле во партиска кампања. Според нашите информации од нашите членови и симпатизери во црквите се пополнуваат апликации за гласање и се убедуваат постарите лица да гласаат за партијата на власт.

7. Kоалицијата за промени и правда планира своите листи на кандидати да ги објави на 9 ноември 2016 година.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners