Изгласана Анкетната комисија за прислушкувањето, Трајанов го посочи првиот проблем…

17.11.2015

Изгласана Анкетната комисија за прислушкувањето, Трајанов го посочи првиот проблем…

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 78 седница, со 81 глас „за“, двајца против и еден воздржан, ја изгласа одлуката за формирање Анкетна комисија за прислушкувањето.

Анкетната комисија брои 16 членови, осум предложени од ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден од редовите на независните пратеници. Претседател е Петре Шилегов, а негов заменик Горан Мисовски.

Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Крсто Мукоски, Павле Саздов, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Магдалена Манаскова и Владанка Авировиќ се членовите предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Тунтев и Васко Ковачевски се предлогот на СДСМ, Талат Џафери и Ејуп Рустеми на ДУИ, Ернад Фејзула на ДПА, а Роза Топузова-Каревска е од редот на независните пратеници.

Откако претседателот на Комисијата за избори и именувања Зоран Илиоски ја образложи одлуката, следеше кратка расправа во која, за разлика од своите колеги, пратеникот Павле Трајанов изрази сомневање дека Комисијата, како што рече, може да одговори на задачата.

Според Трајанов, пред Анкетната комисија стои сериозен предизвик. Таа ќе мора да одговори на клучните прашања, кој во Македонија дал налог да се користат системите за прислушување, кој се бил вклучен во овој процес и кој и за што ги користел собраните информации, а не постои законска обврска државните институции, носителите на важни фунцкии, сведоците, експертите, граѓаните,…, да даваат информации. Тоа, смета Трајанов, ќе биде суштински проблем.

– Комисијата многу тешко ќе собира докази и податоци врз основа на кои треба да се дојде до вистината. Не сум сигурен дека има механизам за такво нешто, нагласи Трајанов и предложи Комисијата да работи јавно, транспарентно, за граѓаните да дојдат до точни информации и сопствен заклучок во врска со прислушкувањето.

На тоа реагираше Лилјана Поповска со сосема спротивен став. Таа, како што рече, е оптимист и цени дека Комисијата ќе се ја заврши добро работата.

– Треба да веруваме дека Комисијата ќе даде резултат зашто процесот станува инстутионален, процедурален и на тој начин ќе има мирна разврска на многу јазли, посочи Поповска.

За Зуфи Адели единствено спорен е начинот на избор на членовите на Комисијата. – Вчера, поради коректноста и реалниот избор на членовите, ќе беше подобро да се свикаат пратениците кои немаат пратенички групи, да предложат имиња за Комисијата. Сакам да верувам дека Комисијата ќе ја заврши работата, но повеќе верувам дека тоа ќе го стори под притисок на меѓународната заедница како што беше постигнат и Договорот во Пржино, рече Адели.

Анкетната комисија се формира согласно Договорот од Пржино за надминување на политичката криза и до крајот на јануари идната година треба да поднесе извештај.

Извор: Локално



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners