25.01.2013
Интервју на Павле Трајанов за Deutche Welle
Заштитата на актуелни и поранешни функционери не може да се реши со закон, туку со безбедносни проценки, велат експертите. Од што се плашат политичарите, особено откако ќе станат бивши?
Oва прашање се наметната откако двајца пратеници од вледејачката ВМРО-ДПМНЕ во Собранието доставија на усвојување три члена од Законот за Влада, кои по заминувањето од функцијата на премиерот ќе му овозможат лично обезбедување од шест телохранители по негов избор, возило и возач во период колку што траел и неговиот мандат.
Политичарите најмногу се плашат од сопствената совест, вели Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи, лидер на Демократскиот Сојуз и коалициски партнер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако правеле грешки и гревови, нормално е да се плашат. Но, ако работеле чесно, нема потреба од ништо да стравуваат“ вели тој. Според него, со закон не може да сеутврди колку лица се потребни за нечија безбедност.Павле Трајанов: „Ако правеле грешки и гревови, нормално е да се плашат“.
„Шест телохранители не значат ништо. Најважна е безбедносната проценка. Таа го димензионира бројот на лица потребни за заштита на премиерот, врз основа на анализа и на други фактори - каква е внатрешната политичка состојба и дали се нарушени односите во функционирање на системот на безбедност“, укажува Трајанов.
Автор Катерина Блажевска
Редактор Александар Методијев
Линк до интервјуто на DW