Интервју на Даниел Ефтимов за Радио МОФ

22.02.2013

Интервју на Даниел Ефтимов, претседател на ДСМ, за Радио МОФ

Претседателот на младите на ДС, Даниел Ефтимов, одговори на неколку прашања за Радио МОФ. Интервјуто е преземено интегрално, а првично е објавено и може да се прочита тука.

Подмладоците на повеќе политички партии во земјава во следните денови одговараат на прашањата на Радио МОФ за проблемите на младите и нивните приоритети и цели кои се поврзани со младите. Серијата интервјуа, кои се составени од исти прашања испратени до сите партиски подмладоци, ги пренесуваме интегрално, започнувајќи со претседателот на младината на Демократскиот сојуз, Даниел Ефтимов.

-         Кои се главните цели на подмладокот на вашата партија и кои се вашите приоритети?

Основните цели на ДСМ се: поттикнување и развој на демократските процеси; грижа и заштита на младинскиот стандард; заштита и унапредување на човековите права и слободи; вклучување на младите во креирањето и решавањето на актуелните животни прашања; влијание на законодавното регулирање на специфични прашања за младата популација, како и  активна соработка со невладините организации. Што се однесува на приоритетите, нив секогаш ги дефинираме согласно актуелните случувања. Така, во изминатиот период посебен акцент ставивме на потребата од развојот и поттикнувањето на демократска свест кај младите луѓе, намалување на насилството меѓу младите, градење на систем на заслуги преку кој ќе се спречи одливот на млади луѓе, со цел најкомпетитивните млади и образовани кадри да имаат можност да останат да творат и создаваат во нашата држава.

-         Кои се најважните проблеми за младите во земјава?

Прво, тое е проблемот со вработувањето. За жал, ретко е младите по завршување на своето образование да најдат и соодветно вработување.Второ, поради целосната концентрација на капиталот во главниот град, на останатите градови им се намалува капацитетот да обезбедат услови за идните генерации да останат да живеат и создаваат семејства во своите родни градови, поради што сведоци сме на голема миграција на релација, град-главен град. Трето, поради нискиот младински стандард и зголемените животни трошоци, се зголемува старосната раница за стапување во брак, а со тоа се намалуваат и основните единици кои го чинат општеството, а тоа се семејствата. Секако може да се детектираат и други проблеми или системски слабости кои имаат негативни влијанија врз младите луѓе.

-         Како им овозможувате на вашите членови да учествуваат во работата и управувањето на подмладокот?

Во Демократскиот сојуз на младите секој има шанса и еднакви можности да се избори за своето место, не само во подмладокот, туку и во партијата. Во оваа смисла ги почитуваме и вреднуваме сите идеи и расправаме по нив, но согласно ресурсите ги реализираме само најдобрите идеи и проекти. Така, доаѓаат до израз квалитетни млади луѓе кои понатаму, преку своето учество во носењето на клучните одлуки ќе допринесат за подемократско, поцелосно и понапредно функционирање на партијата. Инаку, ДСМ е организиран на територијална основа. Во секоја општина има формирано подмладок на ДСМ, а на централно ниво извршен орган е Претседателството на ДСМ. Нашето раководење е транспарентно, така што состаноците на Претседателството на ДСМ се отворени за оние младинци од партијата кои сакаат да се вклучат во тековните активности и да го дадат својот придонес. Како информација за престојните локални избори имаме двајца кандидати за советници во Град Скопје од подмладокот на партијата.

-         Кои се најголемите постигнувања на подмладокот на вашата партија за 2012-тата година?

Подмладокот на ДСМ во текот 2012 година активно се подготвуваше за престојните локални избори. Наши претставници учествуваа на повеќе тренинзи за јавен настап, обуки за односи со јавноста и комуникација со медиумите, менаџирање и планирање на политички кампањи и други.. За нас најголемо постигнување е што преку нашето однесување, континуирано создаваме една нова генерација на млади политичари, кои се против говорот на омраза, против поделбата на луѓето во етинички стада и против насилството. Поларизацијата во нашето општество не смее да биде по ниту една друга основа, освен по способноста.

Кристина Озимец



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners