Граѓаните од Влае, Тафталиџе, Козле и Хром, ќе гласат за промени

07.12.2016

Граѓаните од Влае, Тафталиџе, Козле и Хром, ќе гласат за промени

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и носител на листата за пратеници во првата изборна единица  на Коалицијата за Промени и Правда, разговараше со граѓаните од Козле, Тафталиџе, Хром и Влае, во Скопје, каде граѓаните искажаа огромна поддршка и цврста определеност, на 11-ти декември, да направат пресврт и овој криминален режим да се соочи со лицето на правдата. Граѓаните барат стабилност, единство и повисок стандард.

Граѓаните го издржаа овој силен невиден притисок од разулавената банда на  власт, протестиравме заедно по улиците, трпевме, понекогаш  имаше привид дека не поразиле, но јас сум сигурен дека сите заедно им спремаме дебакл, ќе видат вечерта на 11-ти декември каква одлука донел народат "марш да ве нема од власта", посочи Павле Трајанов, повикувајќи ги тие што се уште се колебаат, да ни се приклучат  и со масовно гласање да ја завршиме работата, да го „треснеме“ од земја овој криминален режим.

Во Република Македонија овој режим социјално не раслои, само фамилијата на власт и криминалните бизнис структури или околу 2% се екстремно богати со капитал стекнат на криминален начин, а сите други се гушиме во сиромаштија и долгови, рече Павле Трајанов, на прес конференцијата.

Криминалот разорно делува, ги разнебити институциите, ги загрози перспективите на Државата, затоа ние сме за системски промени и пред се за одговорно владеење.

Ќе расчистиме со политичката мафија, ќе го конфискуваме криминално стекнатиот имот и над 6 милијарди евра на сметките во странските банки на актуелни и поранешни функционери, бизнисмени, олигарси и тајкуни, ќе ги вратиме на граѓаните.

Со економската програма создаваме услови за отворање на над 30.000 мали фирми во компјутерската дејност, консалтинг услуги, туризмот, земјоделието, прехранбената индустрија, трговијата, транспортот и сл. Во овие фирми ќе се вработат од 90.000  до 150.000 млади, креативни и стручни кадри, но и можност одлични менаџери да се вратат од странство.

Влез во НАТО и ЕУ, без промена на Уставното име, и воспоставување на стандарди и вредности преку владеење на правото.Ќе ја вратиме позорната служба  (полицијата), во населбите и на тој начин ќе ја зголемиме безбедноста на граѓаните и заштитата на нивниот имот.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners