08.03.2014
ДСМ за Денот на жената изрази поддршка во заедничката борба за еднакви можности и права
Денес, 08.03.2014 година, Младите на Демократскиот сојуз во паркот Жена борец поделија 100 цвета за Денот на жената.
Претседателот на Младинската организација на Демократскиот сојуз, Даниел Ефтимов, во својата изјава за медиумите нагласи:
„По повод овој меѓународен празник, со кој се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, младите на Демократскиот сојуз со овој гест, сакаат да ја изразат својата поддршка во заедничката борба за еднакви можности и права.
„Никој не може да те натера да се чувствуваш помалку вредно без твоја дозвола“ е мотото на акцијата, а 100те цвета се само израз преку кој ние сакаме да ја пренесеме оваа порака.“
ДСМ уште еднаш им го честита Денот на жената на сите жени во Република Македонија.