09.05.2015
ДС повикува на смиреност и воздржаност

Демократскиот сојуз со загриженост го следи развојот на безбедносните состојби и апелира на смиреност и воздржаност.
Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните, без разлика на етничката и верската припадност, да се обединат и да ги осудат нападите од терористите, да ги изолираат и да соработуваат со силите за безбедност.
Очекуваме граѓаните да им дадат поддршка на силите за безбедност во справувањето со терористите кои ја загрозуваат безбедноста и територијалниот интегритет.
Демократскиот сојуз апелира до сите партии да престанат со меѓусебни обвинувања.
Очекуваме силите за безбедност (полицијата и армијата) на ефикасен начин да се справат со вооружените групи.