ДС: НОВ ПОЛИТИЧКИ БЛОК

15.11.2015

ДС: НОВ ПОЛИТИЧКИ БЛОК

Врз основа на широка расправа низ партиската база, како и консултации со голем број на граѓански асоцијации, политички партии, експерти, како и симпатизери на ДС, Централниот совет на Демократски сојуз одлучи, на претстојните парламентарни избори да настапи самостојно. 

Ние како Демократи и како Сојуз, сметаме дека имаме доволно знаење, идеи, искуство, правдољубивост, храброст и спремност со нескриен и недвосмислен став да се соочиме со сите политички собитија, предизвици за денешницата и иднината.

Демократскиот Сојуз  е отворен за соработка со сите кои застапуваат вакви ставови, европски вредности, за сојуз со поединци, со други политички партии и граѓански асоцијации.

Демократскиот Сојуз е подготвен да партиципира во НОВ ПОЛИТИЧКИ БЛОК, на обединувачки платформи  и сметаме  дека само обединувањето , а не поделбите   ќе добијат  најголема поддршка од граѓаните.

Демократскиот сојуз усвои ПЛАТФОРМА ЗА ВИСТИНСКИ РЕФОРМИ и промени во Република Македонија, која ќе биде основа за Изборната програма,  а која е резултат на консултации со бројни експерти, граѓански асоцијации, бизнис групации и идеи и сугестии од голем број на граѓаните.

Во Платформата основни приоритети се:

- промени во политичкиот систем ,, со кои ќе се дефинира одговорноста на носителите на јавни функции “. Во оваа насока посебно се прецизира одговорноста на претседателот и министрите во Владата, како и носителите на други функции.

- Енергична борба против организираниот криминал, посебно против злоупотребата на власта и на довербата на граѓаните.Конфискација на имотот стекнат на криминален начин и злоупотреба на функцијата и враќање на украденото на граѓаните.Ревизија на доделувањето на државното земјиште. 

Имаме намера да и  застанеме на патот на „мафијата“.За сите тие злоупотреби ДС има посебен проект насловен  како:„ Војна против криминалот и конфискација на украденото од народот“ Неговата реализација ќе почне од 25 април 2016 година.

- Подобрувањето на стандардот на граѓаните е главна стратегиска цел, чија интенција, меѓудругото, е да ја запре и миграцијата. Предвидуваме најниската плата да биде 300 евра, а најниската пензија 200 евра. За зајакнување на стандардот, предвидуваме формирање на станбен фонд, чии средства ќе бидат наменети за решавање на проблемот со домување на млади брачни двојки, како и за изградба, доизградба или реконструкција на куќи во руралните средини. Со тоа ќе се елиминира една од причините што ја поттикнуваат внатрешната миграција село-град, по што уште повеќе се потенцира нерамномерниот економски развој во земјата.

- За сите што ќе завршат високо образование, ќе обезбедиме можност  една година да посетуваат практична работа на сметка на Буџетот. Предвидуваме посебен фонд за поддршка на младите, преку кој ќе се финансираат проекти за нивна едукација, за практична обука, за развој на спортот, уметноста и креативните продукции.

- ДС останува активно посветена на спроведување на реформските приоритети неопходни за евроатлантската перспектива на земјата, кои пак, посредно ќе резултираат со обезбедување поддршка и услови за отворање нови работни места и критериуми за вработувања според мерит-систем, а не според партиска припадност. Приемот на административни службеници ќе биде јавен транспарентен, а основна селекција ќе се прави врз база на три критериуми:1. Време на чекање за работа,2. Постигнат успех на факултет, и 3. Рејтингот на факултетот согласно Шангајската листа и уште две референтни листи.

- Ќе предложиме граѓаните на референдум да се изјаснат за промена на работното време. Работното време да почнува од 07.00 часот и да трае до 15.00 часот, со што вработените ќе имаат можност да се посветат на семејството, воспитувањето на децата и да имаат време да го користат така наречениот активен  дел од денот.

Здрава животна и работна средина, слобода на новинарска професија и професионално информирање, државата да биде систем и сервис на граѓаните, а не граѓаните да бидат слуги и да се чувствуваат потчинети и уплашени од државата, имаме  низа предлози и разработени голем број приоритети кои мора да се средат според стандардите кои функционираат во светот. Сите тие се содржани во нашата програма која интензивно ја подготвуваме и ќе и биде соопштена на јавноста, но истовремено ги повикуваме и сите кои и мислат добро на Македонија и на иднината на нашите деца и на генерациите што доаѓаат, да не се дистанцираат, да не молчат и коментираат само што нечини туку да се приклучат да понудат решенија. На Македонија и е неопходно не само да се критикува, не само да се делиме туку да се обединуваме во име и во интерес на иднината на Македонија.

Ние ниту сме молчеле, ниту сме се плашеле да го кажеме нашиот став, ниту предвреме да алармираме да предупредиме на сите опасности, и да пофалиме ако тоа е добро, од кој и да е. 

Ние знаеме дека во политиката, колку и да се има добра идеја и стратегија, сам никој не може да ја спроведе, и затоа знаеме дека мора да се усојузуваме, да се поддржуваме, и да создадеме нова сила, нов концепт, ново поимање и практицирање на политиката.

Да ги оставиме прикаските на големи и мали, големи се само тие кои не ја крадат државата, кои не ги малтретираат и експлоатираат граѓаните, кои не го уценуваат земјоделецот, и не му прават притисок на интелектуалецот, не му прават мобинг и делат  откази на работникот, големи не се тие кои делат лажни обвиненија, судат неправедно затвораат невини луѓе и уценуваат и заплашуваат да се гласа  за нив.

Фер избори, Фер услови, Фер медиуми, Фер борба, Фер коалиции  и тогаш ќе видиме кој  е голем, а кој мал. Без суета и фрустрација, без потценување на другиот, ние знаеме дека мора да бидеме сите во  ваков Демократски сојуз, заедно  со граѓаните и со народот, а доколку сакаме победа за Македонија, а не победа на политички тајфи, и профитери кои потоа ќе ја тероризираат  и пљачкосуваат државата.   

Нова сила, Нов блок, Нова коалиција со демократските вредности, и требаат веднаш на Македонија, за да му се спротивставиме на злото  и теророт кое се вгнездува во општеството  и денешницата. 
Има излез и  ние го знаеме патот и насоката. Напаѓањето и плукањето еден врз друг не е наш израз. Аргументи, факти , владеење на правото , закони по мерка на граѓаните и пред се праведност и хуман и солидарен пристап. Транспарентноста и одговорност се нужност.

Демократскиот сојуз на следните парламентарни избори ќе води позитивна кампања, базирана на предлози и факти, на политичка култура отворена за дијалог и размена на идеи, кампања без шпекулации и без дискриминација на политичките опоненти по каква било основа. Суштината на нашата програма ќе се темели на три коти во политичката комуникација: натпревар во идеи, а не во опструкции; градење култура на кохезија и соработка, а не култура на поделеност; и спроведување политика на целосна отвореност и инклузивност за конструктивните предлози што доаѓаат од сите сегменти на граѓанското општество. 

Ве информираме и дека Централниот совет на ДС за шеф на Изборниот штаб на ДС ја избра м-р Драгана Букилица.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners