ДС: Извештајот на Европската комисија е објективен и реален

09.10.2014

ДС: Извештајот на Европската комисија е објективен и реален

Демократскиот сојуз смета дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е објективен и е одраз на реалните достигнувања во повеќе области. Забелешките за состојбите во некои области се силен мотив за да се вложат дополнителни напори за нивно подобрување, посебно во областа на медиумите, политичкиот дијалог, како и борбата против криминалот и јакнење на независноста на судскиот систем и др. 

Критичките аспекти во Извештајот говорат повеќе и за немањето на механизми на Европската унија за решавање на дваесетгодишниот спор наметнат од Република Грција околу името на нашата држава, спор кој ги блокира евроинтеграциските процеси.

Препораката за започнување на преговорите за влез во Европската унија е оценка која потврдува дека Македонија ги исполнува клучните критериуми за отворање на поглавјата и нивна имплементација битни за влез во Европската унија. 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners