23.05.2013
ДС ги повикува младите да навиваат спортски
Демократскиот сојуз, најостро ги осудува националистичките испади на фудбалскиот натпревар помеѓу Тетекс и Шкендија и бара спортските клубови, фудбалската федерација, родителите, невладиниот сектор, медиумите како и политичките партии, да се вклучат во осудата и да преземат конкретни активности за надминување на ваквите вербални испади.
Повеќе од јасно е дека одредени влијателни центри, младите навивачи, ги користат за предизвикување на расна, верска и етничка нетрпеливост и омраза, поради што инсистираме институциите соодветно да реагираат и да преземат конкретни законски мерки.
Спортските натпревари треба да се користат за јакнење на спортскиот дух, толеранцијата и меѓусебното разбирање и почитување.
Демократскиот сојуз ги повикува младите да навиваат спортски, само така ќе придонесат за развивање на спортскиот и натпреварувачкиот дух, како основа за постигнување на врвни резултати во сите области.