08.06.2016
Демократски сојуз: Влада, реформи и избори
Демократскиот сојуз смета дека треба да се договори ориентационен датум за избори, а не фиксен. Исто така е битен и редоследот на потезите.
Демократскиот сојуз предлага во најкус период да се избере Реформска (експертска) Влада, со јасни приоритети, која треба да спроведе длабоки реформи во судскиот систем, безбедноста и медиумите.
Преку реформските процеси, треба да се создадат услови за фер, демократски и кредибилни избори, а датумот на изборите да се одреди по завршување на реформите и верификација на избирачкиот список од ДИК, кој треба да се прочисти од партиските кадри.
ДС инсистира преговарачкиот процес да биде транспарентен и во него да се вградат и предлозите од другите партии, граѓанскиот сектор, како и медиумите.