ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СЈО ДА ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА



16.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СЈО ДА ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА


По сеопфатните анализи, Демократскиот сојуз смета дека Специјалното јавно обвинителство треба да продолжи да работи со целосен капацитет, законито, стручно и транспарентно, како и досега.

Треба да се направи сè да се продолжи рокот за СЈО да има можност и натаму да поднесува обвиненија, но не и негова инкорпорација во редовното јавното обвинителство.

Позицијата и надлежностите на СЈО се дефинирани со Закон донесен со двотретинско мнозинство, како и изборот на Јавниот обвинител кој раководи со ова обвинителство, што е гаранција за неговата независност и резистентност од политички влијанија.

Демократскиот сојуз сугерира доколку не се продолжи мандатот на СЈО за поднесување обвиненија, по сознанија и информации за нови случаи, постапката треба да ја води редовното обвинителство.



Последни Активности

22.08.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗАШТИТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ

Демократскиот сојуз смета дека повлекувањето на персоналот од амбасадата на Република Србија е сценарио за дестабилизација на Балканот од пошироки размери, каде се испреплетуваат геостратешки интереси на повеќе центри на моќ.

прочитај повеќе...

17.08.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЧЕСТИТКА ДО АРМ

Демократскиот сојуз на припадниците на АРМ, им го честита "18-ти Август", Денот на Армијата на Република Македонија.

прочитај повеќе...

12.08.2016 

Демократски сојуз: Блокада на Македонија

Демократскиот сојуз оценува дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ со опструкциите врши класична блокада на реформите...

прочитај повеќе...

02.08.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЧЕСТИТ ПРАЗНИК

Демократскиот сојуз, на сите граѓани на Република Македонија, им го честита Илинден, најголемиот двоен празник на македонскиот народ и сите граѓани без разлика на националната и верска припадност.

прочитај повеќе...

27.07.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: АПСУРДНОСТА НА СУДСКАТА ЛОГИКА ЗА ПРИТВОР

Демократскиот сојуз укажува на апсурдноста на логиката на судовите, извршувањето на одлуките за притвор да ги одлага по поднесена жалба.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners