Демократски сојуз повикува на транспарентност и одговорност

01.02.2015

Демократски сојуз повикува на транспарентност и одговорност

Во врска со презентираните информации за сомненија за обид за државен удар, Демократскиот сојуз укажува на потребата Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и Судот, да работат јавно и транспарентно и да ги објават сите релевантни докази и факти врз основа на кои се темели судската постапка против четири лица, меѓу кои и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Согласно Уставот на Република Македонија сите граѓани се еднакви пред законот и никој не може да биде над него и да ја избегне одговорноста, без разлика за кого се работи, која е неговата позиција, социјален статус и др. За Демократскиот сојуз е крајно неодговорно и неприфатливо да се користат уцени и закани во политичката борба.

Се работи за тешки обвинувања, поради што инсистираме Судот да покаже висок степен на резистентност и да не потпаѓа под било какви влијанија и притисоци. Овој случај може да се разреши само со целосно почитување на владеење на правото.

Демократскиот сојуз инсистира на целосно расчистување на сите аспекти во врска со сомненијата за насилство спрема претставници на највисоките државни органи како и шпионажа, со цел да не се заоструваат и ескалираат политичките состојби, меѓусебните обвинувања и поделби.

Демократскиот сојуз повикува на разумно, одговорно и внимателно однесување од страна на сите политички партии, при што наша цврста определба е наместо тајни разговори, улична демократија и слично, сите политички несогласувања да се решаваат преку дијалог и во рамките на институциите. Демократскиот сојуз предлага за сите отворени прашања да се отвори расправа во рамките на Парламентот.

Само со објективно и целосно информирање, граѓаните ќе можат да го донесат конечниот суд за целокупните состојби во државата, поради што Демократскиот сојуз го повикува СДСМ да ги објави сите информации кои подолго време ги најавува. 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners