Демократски сојуз: Осуда за национализмот

08.01.2019

Демократски сојуз: Осуда за национализмот

Демократскиот сојуз најостро го осудува национализмот преку кој има обиди да се блокираат евроатланските процеси на Република Македонија.

Најавите на некои лидери на партии од албанската етничка заедница пред референдумот за Преспанскиот  договор, дека сто посто од албанците наспроти македонците, се за НАТО и ЕУ и тогаш и сега се само непромислена маркетиншка манипулација, што се покажа како неточна  и според излезноста на гласањето.

За влез во НАТО и ЕУ, постои  граѓански и политички консензус, но екстремните националистички барања на Беса и Алијансата на Албанците, за промени во Уставот на Република Македонија, кои немаат врска со имплементацијата на Преспанскиот договор, отворат сомнеж во нивната проевропска и пронато определба и се најава за блокада на овие процеси.

Владата на Република Македонија и парламентарното мнозинство направија многу компромиси и отстапки на штета на државните интереси. Понатамошни отстапки можат да го срушат целиот процес и да навлеземе во внатрешни меѓуетнички недоразбирања со несогледливи последици.

Уцените и условувањата треба да престанат и да се гледаат и поддржат  надпартиски и наднационални идеи за просперитет на Република Македонија, а тоа се членството во НАТО и ЕУ.

Демократскиот сојуз повикува на разумно и одговорно однесување од сите партии, а за отворените прашања ќе има време да се дебатираат и разрешуваат.

Последни Активности

22.01.2019

Демократски сојуз: Македонија една изборна единица

Во врска со најавите за можни предвремени парламентарни избори, Демократскиот сојуз, ја афирмира идејата за тоа Македонија да биде една изборна единица.

прочитај повеќе...

20.01.2019

Демократски сојуз: Најостра осуда за нападот на новинарот на Канал 5

Демократскиот сојуз најостро го осудува нападот на Мирјана Мирчевска Јовановиќ, новинарка на ТВ Канал 5, на која и се нанесени телесни повреди, а повеќе новинари  се спречени да ја извршуваат својата професионална работа.

прочитај повеќе...

20.01.2019

Демократски сојуз: Да се послуша гласот на пазарџиите

Демократскиот сојуз оценува дека имплементацијата на Законот за зелените пазари е без претходна подготовка и консултација со еснавските асоцијации и пазарџиите.

прочитај повеќе...

19.01.2019

Демократски сојуз: Да се откријат загадувачите на Скопје

Демократскиот сојуз ги повикува надлежните државни институции да направат вонредни контроли над индустриските капацитети (УСЈЕ и др.), како и над Депонијата ДРИСЛА, се со цел да се откријат загадувачите на воздухот.

прочитај повеќе...

12.01.2019

Демократски сојуз: Поглед кон иднината

Демократскиот дојуз смета дека со имплементација на Преспанскиот договор треба да се затвори поглавјето на меѓусебни обвинувања и поделби и сите заедно, сполотени и со верба во иднината да тргнеме напред.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners