Демократски сојуз: Оставка на Ѓорге Иванов

23.06.2016

Демократски сојуз: Оставка на Ѓорге Иванов

Демократскиот сојуз смета дека последното јавно обраќање на Ѓорге Иванов претставува најголем срам кој во досегашните 25 години независност на Република Македонија, ѝ е нанесен на функцијата – Претседател на државата. На својот вчерашен настап, Иванов се претстави како портпарол на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, во целост застанувајќи зад позициите на Груевски и на неговата медиумско – пропагандна машинерија. Со тоа тој дефинитивно излезе од рамките на својата функција, која подразбира шефот на државата да биде претседател на сите граѓани. 

Според Демократскиот сојуз, вчерашното јавно обраќање на Иванов беше обична пропаганда во функција на омаловажување на масовните граѓански протести и високиот рејтинг и поддршка која ја има Специјалното јавно обвинителство. Човекот кој треба да ја претставува државата, си дозволи да биде заштитник на криминалот и тешките злоупотреби на власта, кои се индицирани во снимените аудио разговори. Користејќи класична замена на тези, Иванов го постави прашањето – зошто предметите на СЈО се однесуваат само на власта, а не на опозицијата, со што под сериозно сомневање го постави и сопствениот здрав разум и нормално расудување. 

Човекот кој со прогласувањето аболиција е главната причина за ескалација на политичката криза во Македонија последниве два месеци, со провиден спин се обиде да се амнестира од сопствената одговорност, повикувајќи се на целосно лажни и измислени ситуации, како што е загрозеноста на државата од терористички напади, евентуалната употреба на армијата и сериозноста на разузнавачките податоци кои наводно стигнувале до него. 

Демократскиот сојуз е посебно загрижен од обидите на Иванов да сее страв кај граѓаните со лажните тези за некаква специјална војна против Македонија, која наводно се води од странски центри кои имаат за цел да ја потчинат државата. Државата и нејзините институции се потчинети, ама не од странски служби, туку од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, што педантно е констатирано во минатогодишниот извештај на Прибе, што за Иванов нема никакво значење.

Демократскиот сојуз е скандализиран од ниското ниво на политички капацитет кој Ѓорге Иванов го демонстрира во последно време, а неговите настапи наместо кон смирување на тензиите, предизвикуваат уште поголем револт и гнев кај мнозинството граѓани на Република Македонија. Ставањето на позицијата – Претседател на држава во функција на измеќар на владејачката партија, претставува дополнително оправдување на иницијативата на Демократскиот сојуз за уставни измени со кои идните претседатели на држава ќе се избираат во Парламентот и ќе имаат исклучиво протоколарни надлежности.

Оттаму, Демократскиот сојуз смета дека следниот јавен настап на Ѓорге Иванов може да има смисла само доколку претставува негова оставка на функцијата – Претседател на Република Македонија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners