ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ПРИОРИТЕТ

31.08.2021

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ПРИОРИТЕТ

 

Демократскиот сојуз смета дека треба да се подржи одлуката за физичко присуство на учениците за следење на наставата. Вакви препораки доаѓаат и од Светската здравствена организација и бројни други образовни асоцијации и врвни експерти.

Се залагаме за доследно почитување на здравствените протоколи, поддршка  на мерките и од родителите, вакцинирање на возрасните и следење на епидемиолошката состојба.

Инаку кога беше онлајн наставата се "протестираше" за физичко присуство, сега кога се одлучи за физичко присуство, се "протестира" за онлајн настава, ова покажува дека некој здравствената криза ја користи за манипулации и злоупотреба на децата за политички цели.

Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да се стекнеме со колективен имунитет и да се намалат можностите за инфицирање од вирусот Ковид-19 и тешките последици од истиот.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners