ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МИГРАНТИТЕ КАКО ПЛАШИЛО

09.09.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МИГРАНТИТЕ КАКО ПЛАШИЛО

Демократскиот сојуз смета дека предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со мигрантите, кои ниту ги има ниту ќе ги има во Македонија, претставува смислен обид повторно да се игра на емоции на граѓаните и создаде чувства на загрозеност и наводно уривање на државата.

Ваквата кампања повторно ќе не изолира и конфронтира со демократскиот свет, со невладините организации, со ООН, со медиумите од регионот и пошироко, а последиците ќе ги трпат граѓаните.

Наместо да се сее страв од мигранти кои ги нема (во Кампот во Гевгелија само 13) и кои во краен случај, само транзитираат низ Македонија, треба јавно да се зборува за нашите млади кои се "бегалци" во многу европски земји, САД и КАНАДА и да се направи сė  младите да не ја напуштат татковината, а тие што заминале да се вратат.

Лажните вести за можен наплив на бегалци, како и наводно укинување на зголемувањето на пензиите, се лаги со кратки нозе и сигурни сме дека граѓаните ќе препознаат што е манипулација, а што е вистина.

Одговорност за објективно информирање на граѓаните имаме сите, но не е помала одговорноста и на медиумите.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners