ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:МАКЕДОНИЈА ПРЕД ИСТОРИСКИ ОДЛУКИ

06.06.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:МАКЕДОНИЈА ПРЕД ИСТОРИСКИ ОДЛУКИ

Република Македонија е исправена пред историски одлуки, кои ќе ја определат иднината на државата.

Во очекување на "пакетот" решенија сврзани со деблокирање на евроатланските процеси односно разрешување на спорот наметнат од Грција за името на нашата држава, напорите на МПЦ-ОА за признавање на автокефалноста од страна на Цариградската Патријаршија,се настани кои бараат сплотеност, единство и одговорно однесување од секој политичар и граѓанин, нагласи Павле Трајанов на средбата со раководството на ДС во Охрид.

Наша цврста определба е Македонија да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, со што ќе се отворат реални перспективи за младите, да останат во Македонија.

Тие партии и лидери кои ќе го преземат "товарот" за иднината на Република Македонија, можеби краткорочно  ќе изгубат политички поени, но сигурно ќе создадат услови за инвестиции, развој и нови работни места, рече Павле Трајанов.

Трајанов зборуваше и за потребата од кадровско зајакнување на партијата, со вклучување на млади и креативни кадри.

Последни Активности

20.06.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ИВАНОВ ДА ГО ПОТПИШЕ УКАЗОТ

Демократскиот сојуз го повикува претседателот Ѓорге Иванов, да го потпише указот за ратификација на Договорот помеѓу Македонија и Грција со кој се деблокираат евроатласките процеси и се создаваат реални можности да добиеме покана за полноправно членство во НАТО и да започнат преговорите за влез во Европската Унија.

прочитај повеќе...

16.06.2018

Демократски сојуз: Македонија треба да оди напред

Во овие исклучително драматични и сложени моменти, време е македонскиот народ и сите граѓани на Македонија, добро да размислат и само со рационално и разумно однесување...

прочитај повеќе...

14.06.2018

Демократски сојуз: Историска шанса за Македонија

ДС оценува дека постигнатиот договор помеѓу владите е храбар, одговорен и државнички чин, со кој се нормализираат односите помеѓу двете држави и се отвораат перспективи за развој на Македонија...

прочитај повеќе...

06.06.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:МАКЕДОНИЈА ПРЕД ИСТОРИСКИ ОДЛУКИ

Република Македонија е исправена пред историски одлуки, кои ќе ја определат иднината на државата.

прочитај повеќе...

06.06.2018

(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ ЗА ЦИВИЛ: ПРВИОТ ЧИН ЗА ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Полека Република Македонија западна во еден зимски сон, и ако не се некои од невладините организации или некои од колумнистите не можеме да се пробудиме...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners