ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ИМА ЛИ РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ЛЕВИЦА, ДЕСНИЦА И ЦЕНТАР

02.11.2016

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ИМА ЛИ РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ЛЕВИЦА, ДЕСНИЦА И ЦЕНТАР

Последниве две недели јавноста е сведок дека се подготвува десница која ќе настапи на изборите и тоа создаде доста конфузија во јавноста, заборавајќи дека десна партија со демохристијанска ориентација е ВМРО ДПМНЕ, партија со социјалдемократска односно лева ориентација е СДСМ, на центарот освен ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ има 4-5 други партии (ДОМ, ЛДП, ЛИБЕРАЛНА и  др.) со либерално демократска определба.

Да се пренагласува дека партиите кои произлегоа од ВМРО ДПМНЕ ќе бидат нова десница е голема заблуда, уште повеќе ако СДСМ се надева на соработка со нив.

Демократскиот сојуз е една од партиите која го иницира формирањето на ТРЕТИОТ БЛОК или Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА во која се вклучуваат и партии и граѓански асоцијации со центристичка, десна но и лева ориентација.

Главна цел на ДС и Коалицијата за Промени и Правда е на 11 декември да се случат коренити промени и демонтира овој авторитарен режим ,како основа за стабилизирање на состојбите и пресметка со "ОКТОПОД" кој ја изеде Македонија  како држава.

Во Македонија многу тешко можете партиите да ги поделите врз основа на нивните програми. Сите партии формално се залагаат за исти вредности, но грабежот што се случува и разградувањето на државата е нешто што се случува и затоа повикуваме на соработка и единство за пораз на ВМРО -ДПМНЕ на изборите.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners