ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГОВОРОТ НА ИВАНОВ ГИ ПРОДЛАБОЧУВА ПОДЕЛБИТЕ

26.12.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГОВОРОТ НА ИВАНОВ ГИ ПРОДЛАБОЧУВА ПОДЕЛБИТЕ

Говорот на Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија, пред пратениците, наместо сплотеност, единство и владеење на правото, повеќе беше во функција на заштита на тие што го кршеа Уставот и законите и ја загрозуваа безбедноста на државата, со што дополнително ќе се зголемат поделбите и сомнежите на граѓаните во владеење на правдата и подеднаква  примена на законите.

Грабежот на имотот на граѓаните, газењето на основните човекови права, масовното прислушување, кршењето на изборните правила, насилствата во Парламентот и другите еклатантни примери на злоупотреби од разулавената власт во изминатите десет години,Иванов не ги преметуваше и не реагираше, затоа денешниот негов настап е фрлање прав во очите на јавноста и перење од гревовите.

Не се сомневаме дека секој што ја злоупотребил власта и довербата на граѓаните за тоа порано или покасно ќе понесе одговорност.

Демократскиот сојуз промените ги поддржа, за да се создадат услови за подобар живот за сите и Македонија силно да чекори кон стандардите на Европската Унија.

 

Последни Активности

19.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: КОНСУЛТАТИВЕН РЕФЕРЕНДУМ

Демократскиот сојуз подолго време предлага доколку се постигне компромисно решение  со Грција сврзано со разликите за нашето Уставно име- Република Македонија, пред носењето на конечната одлука во Парламентот, треба да се консултираат граѓаните.

прочитај повеќе...

13.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА КРЕАТОР НА МИРОТ И СТАБИЛНОСТА

Поканата за полноправно членство во НАТО, за Република Македонија претставува најголемиот цивилизациски и историски исчекор.

прочитај повеќе...

08.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЛАЖЕН ПРОФИЛ

Во последните неколку дена се почесто се објавуваат постови од лажен профил при што се злоупотребува името на претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

прочитај повеќе...

10.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: УБИСТВО ИЗВРШЕНО НА СВИРЕП НАЧИН

Демократскиот сојуз инсистира, Јавниот обвинител, во соработка со МВР да ги преземе сите законски активности и мерки се со цел тие што неодамна го претепаа до смрт Никола Саздовски да понесат кривична одговорност.

прочитај повеќе...

05.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПОТПИС ИЛИ ОСТАВКА

По повторното изгласување на Законот за ратификација на Договорот помеѓу Македонија и Грција, претседателот  Ѓорге Иванов, има уставна должност да го потпише и на тој начин да ги деблокира процесите за полноправно членство во НАТО и започнување на пристапните преговори за влез во Европската Унија.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners