Демократски сојуз: Фер шанса

05.09.2016

Демократски сојуз: Фер шанса

Демократскиот сојуз целосно ја почитува независноста и самостојноста на обвинителството во целина, како и Специјалното јавно обвинителство, но го задржува демократското право да ги коментира одлуките.

СЈО го презеде случајот "ШПИОН" и сигурно за тоа има и правен основ но и цврсти докази и сомненија дека Јавното обвинителство или судот  направил повреда на законите или уште полошо работеле под притисок и диктат на Власта.

Доколку е така мора да има повторно судење, секој осомничен во транспарентна постапка да може да ги презентира сите факти и докази, да се преоценат доказите и во целина обвинувањата.

На овој начин има логика Специјалното јавно обвинителство да го застапува обвинението против 18 мината за шпионажа, уцени и  др., а да се бара намалување на казните без да се изведат докази за тоа дека казните се одредувани по налог на партијата на власт или моќници од безбедносните служби, тоа е апсурд и нема правна логика и аргументи.

Затоа ДС смета дека на сите против кои се води постапка треба да им се даде шанса преку повторување на судската постапка.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners