ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДАЛИ ЕУ ЌE АРБИТРИРА ЗА ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА

17.12.2020

ДАЛИ ЕУ ЌЕ АРБИТРИРА ЗА ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА? 

 

Демократскиот сојуз изразува загриженост поради фактот дека во процесот на македонските евроинтеграции, заткулисно и на мала врата се реализираат дел од бугарските барања, со кои се потврдува ветото на Бугарија. Потсетуваме дека во заклучоците на амбасадорскиот совет за проширувањето кон Западен Балкан, на предлог на германското претседателство, во преамбулата на текстот е вметната референцата за погрешно толкување на историјата и долгото име на нашата држава.

Иако одредени дипломати тврдат дека констатацијата за „погрешно толкување на историјата“ важи за сите држави во контекст на регионалното помирување, на сите им е јасно дека споменатата реченица се однесува директно на Македонија и дека таа е вметната под бугарски притисок.

Притисокот на Софија за употреба на долгата форма на нашето државно  име, исто така е прифатен. Во нацрт- верзијата, за прв пат се користи долгата форма – „Република Северна Македонија“, за разлика од претходните нацрт-заклучоци кога се употребуваше кратката форма – „Северна Македонија“. За сите други земји, во или вон ЕУ, се користи кратката форма, освен за Северна Македонија. Ова е исто така барање на Бугарија која смета дека кратката форма претставува иредентизам од македонска страна.

Иако на денешен ден Македонија полни 15-годишен стаж како земја-кандидат за членство во ЕУ, за жал, се потврдува ветото на Бугарија со кое не се дозволува почеток на преговорите на нашата земја со Унијата, иако според сите извештаи на европските институции ние ги исполнивме сите критериуми за да се прифати преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција за да започнат преговорите.

Демократскиот сојуз потсетува дека односот на ЕУ кон ирационалните барања на Р. Бугарија, сериозно ја разнишува довербата на голем дел од граѓаните на сите држави од Западен Балкан и претставува мотив за уште посериозен продор на трети страни во Регионот.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners