ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ ЗАБРЗААТ СУДСКИТЕ РЕФОРМИ

10.11.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ ЗАБРЗААТ СУДСКИТЕ РЕФОРМИ

Демократскиот сојуз смета дека реформите во правосудниот систем треба да се забрзаат како битен предуслов за воспоставување на нов систем на вредности и владеење на правото.

Во оваа насока предлагаме:

-Да се редефинира улогата на Републичкиот судски совет, зголеми неговата самостојност, но и да се конкретизира одговорноста на советот во целина и на членовите доколку вршат влијание и директно се мешаат во одлуките на судиите.

- Да се укинат Законот за одредување на видот и одмерување  на  висината на казните,Законот за Советот за утврдување на факти за одговорност на судиите, Законот за лустрација и направат измени на Законот за заштитени сведоци (да се предвиде можност за отворање на досиеја на заштитените- лажни сведоци).

-Да се донесе Закон за преиспитување (повторување) на суските одлуки кои се засновани на користење  на заштитен сведок , прислушкувани разговори или во постапката било прекршено начелото на презумција на невиност со јавно апсење и сл.

На овој начин ќе им се даде можност на фер судење на голем број граѓани кои беа предмет на кривичен прогон во фабрикувани случаи.

Поради блокадите за формирање на Влада, како и локалните избори (траат близу четири месеци), реформите бавно се реализираат,затоа е неопходно истите да се забрзаат и во грдењето на законските решенија  да се вклучат најкреативните и стручни кадри.

Последни Активности

12.02.2014

ДС: За консензуален претседател одлучуваат граѓаните

За претседател на државата треба да биде предложен кандидат со високи морални квалитети, со личен и професионален интегритет, кандидат кој ќе биде посветен на реализација на приоритетите на Република Македонија, а тоа се евроинтеграциите и полноправното членство во НАТО. 

прочитај повеќе...

26.12.2013

Трајанов за Нова Македонија: Одговорност за спорот со името треба да преземат сите релевантни политички фактори

Господине Трајанов, имавте повеќе предлози што би можеле да го олеснат наоѓањето решение за името. Побаравте ЕУ-посредник за спорот со Грција, но веќе подолго време барате и општ консензус за прашањето.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners