ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА РАБОТАТА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

10.08.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА РАБОТАТА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Демократски сојуз смета дека со почитување на здравствените мерки и препораки треба полека да се нормализира животот во целина.

Прво, треба здравствениот систем да започне со работа со сите капацитети, за граѓаните да можат да добиваат здравствена заштита во сите јавни здравствени установи, посебно во врвните установи.

Второ, да се подготви образовниот систем за да може наставата за учениците и студентите да се одвива во специфични здравствени услови и со највисоки стандарди за заштита на учениците, студентите и професорите.

Трето, надлежните државни институции да ги зголемат кадровските потенцијали и остваруваат целосна контрола за спроведување на здравствените мерки.

Апелираме и до сите компании и граѓани да ги почитуваат здравствените мерки и препораки, со што во голема мерка ќе придонесат за спречување на ширење на Корона вирусот, Ковид 19.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners