15.04.2016
Бојкот на изборите
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО – Работничка партија, објавуваме дека нема да учествуваме на парламентарните избори закажани за 5 Јуни 2016 година.
Сметаме дека не се создадени елементарни услови за одржување на фер, демократски, слободни и кредибилни избори
- Не е прочистен избирачкиот список,
- Не се спроведени реформи во медиумите,
- Не се одвои партијата на власт (ВМРО-ДПМНЕ) од државата,
- Аболицирани сé тие што ги кршеа изборните правила и ги фалсификуваа изборите.
Даваме целосна поддршка на Специјалното Јавно Обвинителство, при што инсистираме обвинителството и понатаму да работи професионално, стручно, законито и транспарентно.
Го повикуваме Ѓорге Иванов да ја повлече одлуката за аболиција и да си поднесе оставка, поради тоа што го урниса Уставниот поредок, направи своевиден државен удар и практично го сруши изборниот процес.
Сметаме дека со еднопартиски парламент од 123 членови на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде катастрофа за Република Македонија, нејзин демократски развој, перспективите и опстојувањето како држава.
Затоа бараме, согласно Уставот на Република Македонија, да се свика вонредна седница на Собранието на Република Македонија, кое ќе ја суспендира одлуката за самораспуштање на Собранието и ќе ги одложи изборите.
Ги повикуваме граѓаните на Македонија да ги бојкотираат изборите.
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО – Работничка партија