Амнестија на граѓаните кои вршеа нелегален пренос на мигранти

19.09.2105

Амнестија на граѓаните кои вршеа нелегален пренос на мигранти

На седницата на парламентот (18.09.2015 година), Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски сојуз, го отвори прашањето за голем број на граѓани кои вршеа нелегален пренос на мигранти, а се осудени на високи казни. Овој процес се декриминализира (превозот на мигрантите се врши со возови, автобуси, патнички возила и др.), поради што ја иницира потребата од аменстија.

Во Република Македонија последната општа амнестија е спроведена во 1999 година. Оттогаш наваму многу судски одлуки се на „стаклени нозе“, поради што Владата на РМ треба да ја разгледа можноста и оправданоста и да подготви Закон за амнестија.

Со донесувањето на Законот за специјален јавен обвинител, парламентот потврди дека судскиот систем е со крајно нарушен кредибилитет и оттаму многу судски одлуки треба да бидат предмет на анализа („Змиско око“, „Шпион“, „Ликвидација“, и др.)

Како државен чин на опростување на казна, но и корекција на неправда, скоро секаде во светот, во сите држави, се спроведува амнестијата.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners