Демократскиот сојуз организира дводневна трибина во Пробиштип

26.02.2013

Демократскиот сојуз организира дводневна трибина во Пробиштип

 

Демократскиот сојуз согласно програмските определби подготвува Стратегија за забрзан економски развој и Програма за отварање на нови работни места.

Демократскиот сојуз, Стратегијата и Програмата ги подготвува во консултација со домашни и странски експерти, како и со идеи од граѓаните. Во оваа насока, во организација  на Демократскиот сојуз на Facebook беше спроведена апликација „Како до нови работни места“ на која се приклучија 673 граѓани со свои идеи и предлози.

На 02 и 03 март Демократскиот сојуз ќе организира трибина во Пробиштип на истата тема, со цел да овозможи продлабочена расправа за овие клучни прашања, непосредно со граѓаните.

На трибината покрај воведниот излагач, д-р. Снежана Костадиноска-Милошоска, своите идеи ќе ги презентираат и 10-мината најуспешни учесници на претходноспоменатата апликација.

На трибината ќе се отвори расправа и за светската економска и финансиска криза, како и потребата од редефинирање на политичките системи, односно ќе се разговара и за „НОВ ПОРЕДОК“.

За помладите учесници ќе се организира и обука за јавен настап.

 

Во продолжение ја објавуваме целосната агенда за овој дводневен настан:

 

Сабота, 02 март

  1. Отворање и воведно обраќање: г-дин Павле Трајанов, претседател на ДС

  2.  Дебата на тема “Како до нови работни места”

 Говорник: Др. Снежана Костадиновска-Милошеска, Економски Институт

 Дискусија:

-Во рамките на терминот предвиден за дискусија, свои излагања ќе имаат

  • Јово Баткоски
  • Ангел Михајлов
  • Елена Денковска
  • Дарко Маневски
  • Горјан Мушевски
  • Славчо Јовановски
  • Македонка Андевска
  • Филип Баткоски

 Модератор: Вилма Петковска, генерален секретар на ДС

 

Недела, 03 март

  1. Дебата на тема “Нов поредок”

 Говорници:

            -Александар Чомовски, новинар и политички аналитичар

            -Зоран Петров, потпретседател на ДС

 Дискусија

 Модератор: Весна Стоимeновска, член на Претседателството на ДС

 

     2. Дебата на тема “Јавен настап”

 Говорници:

            -Драган Антоновски, новинар

            -Благоја Чоревски, претседател на ОО на град Скопје

 Дискусија

 Модератор: Драгана Букилица, портпарол на ДС

  • Заклучно обраќање и затворање на трибината

             -г-дин Павле Трајанов, претседател на ДС

partners partners partners partners partners partners