Демократски сојуз




Стратегија за побрз економски развој

Демократскиот сојуз, исто така, цени дека треба да изградиме Стратегија за побрз економски развој, како и Програма за отварање на НОВИ РАБОТНИ МЕСТА, заради подобрување на животниот стандард и создавање можности младите кадри да останат да работат, создаваат и творат во Македонија.

Мора да ја зголемиме продуктивната вработеност и да ја подобриме социјалната положба на граѓаните. Во овој правец, треба да продолжат започнатите реформи, кои што од Македонија ќе направат посакувана и сигурна дестинација за инвестирање, ќе овозможат отварање на нови производствени капацитети и работни места, ќе го забрзаат развојот на туризмот и земјоделието.

Демократскиот сојуз се залага за проектот „Вардарска долина“, со чија реализација ќе започне нов и сигурен развоен циклус, вклучување на градежните потенцијали, како и создавање услови за развој на земјоделието и вработување на над 100 илјади граѓани.

Во амбиент на светска економска и финансиска криза, која што не ја одмина ни Еврозоната, напоредно со мерките за амортизирање на нејзините негативни ефекти врз нашата економија, Демократскиот сојуз се залага за социјална политика која што ќе биде во функција на заштита на најсиромашните и социјално загрозените слоеви, во духот на уставната определба за Република Македонија како социјална држава.

Преку организирање на кампањи и информирање на граѓаните ќе се обидеме да влијаеме врз нивната свест, особено на младите генерации за да им објасниме дека државата е најлошиот стопанственик и претприемач и дека секој треба да размислува за сопствен бизнис. Претприемаштвото, знаењето, компетитивноста и храброста се основа за динамичен економски развој.

Демократскиот сојуз ќе инсистира да се донесе Државна програма за превенција од енергетската криза, заради избегнување на можните последици по македонското стопанство и граѓаните. Се залагаме за градење нови енергетски капацитети, користење на обновливите извори на енергија, но и за макотрпна работа за создавање навика за штедење.



Последни Активности

23.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ОФАНЗИВНА ДИПЛОМАТИЈА

Политиката на креирање  конфликти со соседните држави и нивно користење како алиби за застојот на евроинтеграциските процеси треба дa се напушти.

прочитај повеќе...

16.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СЈО ДА ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА


По сеопфатните анализи, Демократскиот сојуз смета дека Специјалното јавно обвинителство треба да продолжи да работи со целосен капацитет, законито, стручно и транспарентно, како и досега.

прочитај повеќе...

14.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ УКИНЕ СОВЕТОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИ

Демократскиот сојуз предлага да се интензивираат реформите во судскиот систем, кој и натаму ги кочи промените, владеењето на правото, како и важење на законите подеднакво за сите граѓани.

прочитај повеќе...

11.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЕДИНСТВО ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

Демократскиот сојуз смета дека  силната надворешна поддршка на новата Влада за реформи, клучни за членство во НАТО и започнување на преговорите со ЕУ, неопходно е да се обезбеди и внатрешно единство на сите политички партии.

прочитај повеќе...

01.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЧЕСТИТКИ ЗА НОВАТА ВЛАДА

Демократскиот сојуз на Зоран Заев, му го честита изборот  за премиер на Владата на Република Македонија, како и честитки за министрите во неговиот кабинет.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners