Демократски сојуз




Соња Кузмановска

Д-р Соња Кузмановска е родена на 31.03.1962 година во Скопје. 

Дипломира во 1985 година на Медицинскиот факултет - отсек фармација во Скопје.

Во периодот 1986-1991 работи во фармацевтската куќа “ЈАКА-80” како истражувач во секторот за развој на лекови.

На Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина се вработува во 1991 година во одделот Радиофармацевтска лабораторија.

Во 1998 година специјализира  медицинска   биохемија  и  го  брани   специјалистичкиот труд  со  наслов ,,Оптимизација и контрола на квалитет на имунолошки анализи со радиоактивен обележувач”.

Постдипломските студии по медицинска биохемија на Медицинскиот факултет во Скопје ги завршува во 2005 година со одбрана на магистерскиот труд: „Оптимизација на метод за одредување на јод во урина и негово значење при епидемиолошки и клиничко-биохемиски испитувања”, а во 2008 година ја брани докторската дисертација под наслов „Јодниот внес и гравидитетот: биохемиски индикатори во проценка на оптимална јодна супституција“ на Фарма¬цевтскиот факултет во Скопје.

Во 1995 година завршува курс за Болничка  радиофармација во ITN Sacavem, Португалија, како стипендист на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Од 1996 година учествува во неколку меѓународни проекти финансирани од МААЕ, и остварува студиски престои во врвни институции во Лондон, Будимпешта, Инсбрук.

Од 1998-2003 година активно учествува во националниот проект „Јодниот дефицит во Македонија“ во соработка со УНИЦЕФ, а во 2003 година е назначена за раководител на Националната лабораторија за одредување јод во урина.

Од 1998 е вклучена во наставната дејност на Медицинскиот факултет во Скопје, почнувајки како асистент истражувач, па до изборот во научен соработник во 2010 година

Член е на  Здружението на медицински биохемичари, Секцијата по нуклеарна медицина при МЛД, Европската асоцијација за нуклеарна медицина и на Македонското фармацевтско друштво.    

Добитник е на републичката награда „Гоце Делчев“ во 2005 година, како еден од авторите на монографијата „Корекција на јодниот дефицит во Македонија”, а истата година е добитник и на плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за негова афирмација.   

Член на Демократскиот сојуз од 2012 година.  

Говори активно англиски и пасивно германски јазик.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners