Демократски сојуз




Слободни медиуми

Состојбата во и со медиумите ја оценуваме како загрижувачка. Тие сеуште се под силно политичко и олигархиско влијание. Нивните сопственици имаат целосна контрола врз нивната уредувачка политика, (зло) употребувајќи ги за сопствени лукративни и политички цели, а не за објективно информирање на граѓаните за настаните кои што ги засегаат.

Преку медиумите во Република Македонија тешко се доаѓа до фактите и вистината. Нужни се темелни промени во медиумската сфера. Нашата држава не може да биде развиена европска демократија без самостојни и независни медиуми, како „ куче-чувар“ и беспоштеден критичар на неповолните општествени состојби и појави.

Демократскиот сојуз ги разбира и поддржува иницијативите на асоцијациите на новинарите за декриминализација на клеветата и навредата, но истовремено инсистира на почитување и заштита на вистината и човековото достоинство, на интегритетот и дигнитетот на човекот, без оглед на расна, етничка, родова, верска, социјална, социјална или сексуална припадност.



Последни Активности

17.10.2017

(ВИДЕО) Трајанов за А1ОН: ДПМНЕ користеше нелегални механизми да влијае врз граѓаните, сега немаа таква можност затоа и изгубија

После 2008 година ВМРО-ДПМНЕ ги користеше сите механизми за да влијае на определбата на граѓаните. Дел се легални, но и дел се активности кои апсолутно не се прифатливи за една демократска држава.

прочитај повеќе...

16.10.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ФЕР И СЛОБОДНИ ИЗБОРИ

Демократскиот сојуз оценува дека  вчерашните локални избори беа демократски, фер и пред се слободни, без насилство, притисоци, клиентелизам, фалсификати или било какво кршење на изборниот процес.

прочитај повеќе...

13.10.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗАОКРУЖЕТЕ 19 ЗА ПРОМЕНИ И СТАБИЛНОСТ

Се повикуваат сите членови и симпатизери на Демократскиот сојуз, во недела на 15 октомври да излезат масовно и да гласаат за кандидатите на Коалицијата предводена од СДСМ.

прочитај повеќе...

09.10.2017

ЦЕНТРАЛНИОТ СОВЕТ НА ДС ПОВИКУВА НА АКТИВНОСТ И ГЛАСАЊЕ

Централниот совет на ДС, на вчерашната седница (08.10.2017година), ги усвои следните заклучоци:

прочитај повеќе...

08.10.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ПОДДРЖАТ ПРОМЕНИТЕ

Централниот совет на Демократскиот сојуз одржа седница на која се расправаше за изборната кампања и актуелнити политички состојби при што ги повикува граѓаните на Република Македонија.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners